TVIT76

НА ШТО НЕ УЧИ ЧЕСНИОТ ПРЕТЕЧА?

          Проповедта на свети Јован Крстител во пустината Јордан може да се сумира со зборовите: „Покајте се, зашто се приближи Царството Небесно“ (Мт. 3,2). Христос е Царството Небесно, бидејќи Тој е Синот Божји, Кој го навестува доаѓањето на Светиот Дух, кој е Царството Небесно. Но, кој не се кае, не може да ги прими Христос и Светиот Дух. Покајанието е неопходен услов за да се прифати Исус Христос како Богочовек и да се прими благодатта на Светиот Дух. Кога човек живее без покајание, заглавен во својата себичност, во својата самоувереност, во својата самољубие и во своите страсти, тој не може да го прими Христос како Богочовек, ниту да ја прими благодатта на Светиот Дух. Затоа светиот Претеча проповедаше покајание за да ги отвори срцата на луѓето за да го примат Исус Христос и Светиот Дух.

TVIT77
             Гласот на чесниот Претеча допира и до нас - неговата порака е вечна. И денес чесниот Претеча не повикува да бидеме  луѓе во покајание ако сакаме да го имаме Христос во срцето и да ја примиме благодатта на Светиот Дух. Како што веќе рековме, покајанието не е еднократно дејствие. Тоа е постојан начин на живот. Мора постојано да се каеме за да не ја изгубиме Божјата благодат.
             Кога веруваме дека сме совршени и дека не ни треба покајание, веќе сме во состојба на гордост што ја спречува Божјата благодат да дејствува во нас. Искреното покајание не е само болка од неисполнувањето на Божјата волја во нашите животи, туку и одлука да се бориме за наше ослободување од сè што го жалости Бога.
Ако некој Божји човек има макар и една недостојна мисла што го оддалечува од Бога, тој чувствува болка и тага затоа што го ожалостил Бога и се кае за тоа. Чувствува дека и една лоша и недостојна мисла, колку и да е мала, го лишила од Божјата благодат и дека мора повторно да се покае, да побара прошка од Бога, за да влезе во него Божјата благодат.
             Во светиот пророк Јован се исполнува  старозаветното пророштво: „секој дол да се исполни, секоја пла¬нина и рид да се снизат; “ (Ис. 40, 4). Долините кои мора да се исполнат за да дојде Месијата во нашите животи се нашите духовни немоќи, а ридовите кои мора да се смират за да биде исправен патот Господов и Господ да дојде кај нас се страстите, кои како планините ни тежат и нè спречуваат да живееме свет и бестрастен живот.
             Затоа, мора постојано да бдееме над себе си: што ни недостига, какви недостатоци имаме, какви долини имаме во себе, какви планини имаме во нас, т.е. страстите кои не спречуваат да се соединиме со Бога. И целиот наш живот нека биде живот на покајание и борба, за да се соочиме со нашите грешки и да ги смириме нашите страсти, за да се соединиме со Господ Исус Христос како Месија и наш Искупител и Спасител.



            Нека го имаме благословот на светиот Претеча и Крстител Јован и сите да се удостоиме да се трудиме со добриот подвиг на покајанието до последниот здив.

Манастир „Григориjат“, Света Гора, 1991 г

Автор: архим. Георги Капсанис
Извор: johnsanidopoulos.com/bogonosci.bg
За Преминпортал: Симеон Стефковски