TVIT66

Христос е Оној кој го има последниот збор

Она што е најбитно за нас христијаните и најважно да знаеме е дека ниту едно влакно не може да падне од нашите глави на земјата без дозвола на нашиот Господ Христос, дека Тој е Алфа и Омега и Оној со кого ние живееме, кој е крвотокот на нашето битие, на сечие битие во вселената, заедно со неговиот Пресвет Отец и Пресвет, Благ и Животворен Дух и дека Тој е оној кој одлучува и кој го има последниот збор, бидејќи на крајот на краиштата Тој е исто така Словото, Писмото, Синот и Логосот на Живиот Бог.

TVIT67

           Христијанството не спаѓа во редот на обичните религии, религии кои од верниците бараат само одредени индивидуални ритуали и обредни правила и само едноставно извршување на моралните закони, иако моралот е апсолутно неопходен.
            Христијанството е заедница, Црква, на живиот Бог на откровението и верните во Него, кој се открива на човекот лично и директно, кој страда за него и ја победува смртта со воскреснувањето од мртвите. Христијанството е средба со Него, со Воскреснатиот Христос, воскреснатиот Син и Логос Божји, а таа средба се случува на Неговата Света Литургија во Неговата Света Евхаристија, Светата Чаша, кога, причестувајќи се, стануваме едно тело со Него.  Причеста е најбитниот и најсуштествениот момент за секој христијанин, соединувањето со самиот Богочовек Христос, во Неговото Свето Тело и Крв, и тоа е она што го разликува христијанството, поточно Светото Православие, од сите други религии, моментот на соединување со Неговиот Творец во Богочовекот Христос, Логосот Божји. Она што ја прави Црквата Црква, а христијанинот христијанин е токму светата Литургија, односно соединувањето со Христос во неа. Кој не се причестува и не учествува во Страдањата и Воскресението Христови на светата Литургија, не е „целосен“ христијанин, односно не го живее светотаинскиот живот во полнота, се лишува од небесните богатства и обожението, со тоа што не вкусува од Дрвото на животот, кое е Христос, така што гледаме дека христијанството е една над морална, да речеме, религија, тоа е едно секојдневие и битисување во воскреснатиот Богочовек Христос.
             Кога велиме дека христијанството е пред се религија која го надминува моралот, категорија, односно дека е над секој морал, тогаш не велиме дека моралот не е потребен, напротив. Ако Бог е Љубов и апсолутна добрина, должноста на секој христијанин е да го следи својот Бог и Неговите заповеди, да го подражава и да Го следи, како што го учи Спасителот во светото Евангелие и во Светото Предание на Неговата Црква. Христовите заповеди во однесувањето се норма, коi преку Светото Писмо и низ законите на стариот Рим влеглe во сите европски и светски законодавства, а кога ќе земеме предвид дека целата планета и целата вселена живее со Христос, Неговиот Свет Дух, тогаш можеме да бидеме свесни и да ја видиме сета длабочина на Христовите зборови кажани во Светото Евангелие: „Без мене не можете да направите ништо!“ Моралот е неопходен, но љубовта е над моралот, милосрдието, алтруизмот, Христос е над секој морал, како што Светиот апостол Павле вели: „Да имам така силна вера, што и планини да преместувам,  – ако љубов немам, ништо не сум.!“

TVIT68
              Ние, христијаните, сме во опасност понекогаш премногу строго да ги судиме ближните и другите, да се поставуваме себеси за судии, не сфаќајќи дека Христос е тој што е судија, дека Тој е оној кој суди и спасува, Тој е над секој морал. Неговата љубов ќе биде Оган на радоста за праведниците, како на Светите апостоли на Светата Педесетница, и оган на вечното мачење за оние кои ќе бидат отфрлени. Тој е Оној што конечно одлучува, а не ние, Господ е и Рај и Пекол! Праведните ќе заминат во земјата на вечната радост, а отфрлените во царството на вечните маки.
              Многу често, кога ќе го видиме нашиот брат како паѓа или греши или гледајќи го само надворешно, веднаш го осудуваме на маки, односно пекол или грубо го отфрламе. Гревот доаѓа од зборот грешка (амартија, грчки), погрешен избор, пат кој не е пат на љубовта - пат на секојдневно несебично пожртвувано свртување кон ближниот, туку скриен пат на егоизмот, свртување кон себе, користење на другите за сопствени себични цели. Не е гревот, сам по себе, тој што автоматски го води човекот во длабочините на пеколот, туку  опасноста лежи во навиките, преку кои се оддалечуваме од добрината, од Христа,кој нè прават синови на пеколот, егоманијата,кои моментално не изопачуваат. Сè што нè одвојува од Христос е грев, а ако не сме со Христа и ако судиме престрого, веќе сме во грев, а нашиот однос со Христос го гледаме во односот со ближните; како што сме кон нашите ближни и нашата заедница, такви сме и кон Христос.

TVIT69
            Она што е најважно за нас христијаните и најважно  да знаеме е дека ниту едно влакно не може да падне од  нашите глави на земјата без дозвола на нашиот Господ Христос, дека Тој е Алфа и Омега и Оној со кого ние живееме, кој е крвотокот на нашето битие, на сечие битие во вселената, заедно со неговиот Пресвет Отец и Пресвет, Благ и Животворен Дух и дека Тој е оној кој одлучува и кој ќе го има последниот збор, бидејќи тој е и Словото, Писмото, Синот и Логосот на Живиот Бог. Господ Исус Христос е и рај и пекол за секоја човечка душа, Неговата љубов со која живее целиот универзум и Неговата одлука да спаси кого Он сака и да осуди кого Он сака, а наше е да се молиме за нашите ближни, за Црквата , целиот свет и целото создание, секогаш да живееме со Него во литургиско заедништво, соединувајќи се со Него во Неговата Света Крв и Тело, во Неговата Света Црква, да го носиме крстот со Него, да светиме со Неговата Светлина и на крајот да го слушнеме Неговиот  радосен глас за Воскресението: „Добар и верен слуго! Во малку беше верен, над многу ќе те поставам;!“ Маран Ата.

За Фондацијата „Божји пријатели“:

Иван Миладиновиќ, теолог- вероучител
Извор prijateljboziji.com
За Преминпортал Симеон Стефковски

17ти јануари 2023 лето Господово