Божествена и ангелска сила се јавила во форма на ѕвезда ♥ Витлеемската Ѕвезда

           Ѕвездата на Христовото раѓање се појавила пред околу 2000 години и, според евангелскиот расказ, токму таа ги одвела тројцата мудреци до малиот Исус. Природата на оваа ѕвезда сè уште е мистерија за научниците. Има доста обиди да се објасни овој необичен феномен, но ниту една теорија не го објаснува целосно, па затоа Витлеемската ѕвезда продолжува да фасцинира со својата мистерија и стана еден од главните симболи на божиќните празници.

Bozik.Zvezda

         Единствениот сигурен извор кој дава информации за Витлеемската ѕвезда е Евангелието по Матеј на почетокот на второто поглавје. Според овој текст, „волшебниците“ кои дошле да му се поклонат на Исус биле мудреци од една земја источно од реката Јордан. Нивниот број не е познат од евангелскиот текст, но бројот три е наметнат поради трите дарови што му ги подариле на Христа. Уште на исток, мудреците ја забележале ѕвездата во западниот или југозападниот дел на небесниот свод и ја следеле за да стигнат до Ерусалим. Ирод не знаел ништо за тоа, а не знаеле ниту жителите на Ерусалим - очигледно тоа било видливо само за мудреците или било тешко за лаиците да го забележат.

          Да беше светла Рождественската ѕвезда, ќе ја виделе и другите луѓе, освен мудреците. Ако била значително мрачна за да ја забележат лаиците (маговите биле „специјалисти“ во таа смисла), тогаш теориите кои тврдат дека ѕвездата била светол астрален објект видлив за сите автоматски отпаѓаат.

 Bozik.Zvezda2

            Ирод ги проучувал информациите за доаѓањето на мудреците и наредил да бидат убиени сите момчиња помлади од 2 години. Оттука се извлекува заклучокот дека патувањето на мудреците траело околу две години. Следователно, ѕвездата која одеднаш станала видлива, се забележувала на небото две години. Кога мудреците го напуштиле Ирод, ѕвездата повторно се појавила, постојано била пред нив и ги водела додека не се спуштила и на застанала над детето Исус. Ѕвездата укажувала на мало, специфично место каде се родил Исус.

           Еден небесен објект, сепак, поради големата оддалеченост на која се наоѓа, не може да покаже одредено место на површината на земјата, туку само насока, ориентир. За да посочи одредена област на Земјата, небесниот објект би требало да се формира во долните слоеви на земјината атмосфера, што е невозможно за астралното тело. Затоа, информациите што ги добиваме од Светото Писмо, споредено со карактеристиките на астралните или метеоролошките објекти или феномени, покажуваат дека Витлеемската ѕвезда не можело да биде астрален објект од кој било карактер, ниту пак метеоролошки.

 

Една убедливо толкување на Витлеемската ѕвезда е дека таа била натприродна по природа. Таа веројатно била ангел или некоја божествена сила во облик на ѕвезда (има слични случаи во Стариот завет).

Многу рационалисти и научници – материјалисти го отфрлаат постоењето на натприродното и создаваат теории за физичко објаснување на натприродното, но на тој начин ја промашуваат поентата на она што се случило.

Bozik.Zvezda3

           А всушност вистината е дека и не е толку важно што се случило на небото таа ноќ, бидејќи нешто многу поважно се случило на земјата. Нешто прекрасно се случило во малиот град Витлеем - се роди Исус Христос, Спасителот на светот. Затоа, многу позачудувачки е да се види Кој се родил во светата ноќ пред 2000 години, отколку што била Божиќната ѕвезда што го навестила раѓањето на „Сонцето на правдата“.

Св. Јован Златоуст за Ѕвездата на Рождеството Христово: „Гледате ли колку недоследности се откриваат ако го судиме овој настан според текот на човечките работи и на обичен начин? Но, за да не додадеме збунетост на збунетоста, за да не ве доведеме во конфузија, да продолжиме со решавањето на прашањата. Да почнеме со Христовата ѕвезда. Ако знаеме што била оваа ѕвезда - обична или различна од другите, дали навистина била ѕвезда или имала само изглед на ѕвезда, ќе биде лесно да се разбере сè друго. Но, како можеме да го знаеме сето ова? Од Светото писмо. Дека таа била необична ѕвезда, па дури не била ни ѕвезда, туку, како што ми се чини, некоја невидлива сила што добила форма на ѕвезда, докажува, пред сè, нејзиниот тек. Не постои и не може да има ѕвезда што би имала таков пат. Гледаме дека и сонцето и месечината и сите други ѕвезди одат од исток кон запад; а оваа ѕвезда се движеше од север кон југ; Ова е токму положбата во која се наоѓа Палестина во однос на Персија.

Второ, тоа може да се забележи и од самото време: не се појавила ноќе, туку среде ден, на светлината на сонцето... Трето, тоа се докажува со фактот дека ѕвездата понекогаш се појавувала и потоа повторно исчезнувала. Кога мудреците отишле во Палестина, таа се појавила и им го покажала патот, а кога влегле во Ерусалим, таа се сокрила. После тоа, кога му кажале на Ирод за што пристигнале, го оставиле и тргнале на пат, ѕвездата повторно се појавила. Ова повеќе не е движење на ѕвезда, туку некоја совршено разумна сила. Таа немала свој зацртан пат, но кога било потребно, застанувала и запирала, водејќи сметка за потребата на мудреците, како столб од облак, што им покажувал на Евреите кога треба да одморат а кога да продолжат на нивниот пат.

Bozik.Zvezda1

Св. Теофилакт, Архиепископ Охридски:

„Кога ќе слушнете за ѕвездата, немојте да мислите дека таа е една од оние што се видливи за нас; не, тоа беше божествена и ангелска сила манифестирана во форма на ѕвезда. Бидејќи мудреците се занимавале со наука за ѕвездите, Господ ги повикал со познат знак, како рибарот Петар, кого го воодушевил со мноштвото риби (Лука 5:5-8) и така го привлекол него кон Христа...

Ѕвездата се јавила на мудреците пред раѓањето на Господа, бидејќи тие морале да поминат долго време на пат за да можат да се поклонат кога Тој сè уште бил во јасли.“

 

Михаил Стаматис  Извор: dveri.bg / webstage.bg

За Преминпортал Симеон Стефковски