РЕЦЕПТ ЗА НАШИОТ ОДНОС КОН ДРУГИТЕ

TViTer751

Нашиот свет е болен. Во тоа веќе никој не се сомнева. Од сите страни се слушаат мислења на социолози, политичари, психијатри, кои слободно и аргументирано ја изјавуваат и бранат оваа теза. Со сериозен и длабоко промислен поглед даваат совети, цитираат, посочуваат на анкети, воздивнуваат. Нема сомнеж за тоа - ние сме во социјална катастрофа. Светот наликува на огромна болница, или уште полошо, на психијатрија со различни одделенија, во која секој се сместил и живее во својот мал свет. На свој самобитен начин зборува, се убедува себеси и другите, јавајќи на своето повредено „его“ и вешто ги маскира своите комплекси. Но... му предизвикува болка на другиот. И тоа е поради неговата ранливост, иманентниот страв да не се појави слаб и неподобен за духот на овој непријателски свет. Затоа, секој носи неколку маски со себе и ги менува во зависност од тоа каде се наоѓа - дома, на работа или во општеството. Затоа што е кревок, трошлив, немоќен и исполнет од стрес и страв.
            Прашањето за односите со другите е клучно и дефинира премногу во нашиот краток престој нa  земјата. Од тоа зависи не само нашиот развој во општеството, туку и погледот на сопствената личност. Светото Православие дава свои мудри и проверени упатства, но обично другите го потценуваат, затоа што ги сметаат овие упатства за несовремени и застарени. Ова не се однесува само на неверниците, туку и на православните верници кои ги посетуваат храмовите, редовно читаат молитви, но во нивниот однос кон “надворешните лица” се однесуваат целосно „световно“.
          Две илјади години Мајката Црква проповеда една изворна вистина - сите сме болни и нашата дијагноза е проста - гревот. Толку ги заразил душите на обичниот човек што болниот тешко го разбира неговиот проблем. Освен тоа, тој се наоѓа во состојба во која не може да го сфати степенот на својата рана и не само што ги отфрла, туку и ги оптоварува душите на другите. Во современиот свет никој не ја слуша личноста до себе. Едноставно не наоѓа време или е целосно заробен во трескавичната невротичност на секојдневието... Социјална шизофренија. Но, така било секогаш. Ништо ново под сонцето. Особено сега, кога деструктивните процеси се уште подинамични, непредвидливи и веќе искрено демонски.

TViTer752
          Во минатото, пораката на мајката Црква, го одредуваше официјалното општествено мислење, но сега тоа мислење е прогонето некаде на периферијата и не само што не е авторитет, туку е потценето или исмејувано од духот на победникот -  либерализмот. Затоа, колку и да е необично, повеќе од потребно е да се вратиме на корените, и таму да бараме мелем за нашите рани и да извлечеме лек за пламената болка.
Еден од најмудрите источни терапевти, свети Исак Сирин, во VII век во своето прозорливо дело „Подвижнички слова“ го напишал следново: „Ние треба да се однесуваме со луѓето како да се болни, да ги смируваме наместо да ги укоруваме, бидејќи тоа поскоро ги вознемирува отколку што им користи“. Овие зборови се толку современи и соодветни за секоја возраст и за секоја душа што се вистинско „небесно откровение“.
           И не можат да бидат поинакви, затоа што се изречени од устата на еден истакнат мистик, пречист старец, сад на Светиот Дух, и се плод на неговите набљудувања над себе си и над душите на поклониците кои доаѓале кај него. Тие носат здив на избавување од пеколната комуникација во која се втурнати поколенија на души кои трагаат, и ја просипуваат светлината, тишината и мирот со извонредна леснотија и префинетост. Тие се рецепт за нашите ранети души опфатени со болести... Применливи секаде и во секој конкретен случај. Секогаш кога му пристапуваме на ближниот, на далечниот, па дури и на непријателот, тоа треба да го правиме како кон „болен човек“.
          А нели е тој е таков,и не сме ли ние такви? Секој пат, да излеземе од себе и да му пристапиме на другиот со финост, внимателно и деликатно, со прониклив однос кон неговиот мал свет. На овој начин избегнуваме да го јадосаме, па дури и да го налутиме. На овој начин ќе заштедиме разочарувања за себе си од него. Ќе се спасиме и ќе избегнеме непотребна и толку досадна реакција...

TViTer753
           Во ова нема само мудрост, туку и љубов. Премудрост и божествена љубов. Со овој пристап го третираме човекот како Божјо создание и наш ближен. Зарем ова не е надминување на нашето лично его и победа над нашето преголемо самољубие? Вистинско христијанство, внатрешно чисто. Возвишено и земно, аристократско, но и снисходливо кон личноста до нас. Исцелително, терапевтско, прошепнато од Светиот Дух. Лесно како шепот, но непобедливо како карпа... Откровение. Ова е почеток на патот кон она „Љуби го својот ближен!“ што е порака на Христос Спасителот и најпроверен душевен и социјален рецепт. Виша христијанска етика. Затоа што нема  како да го сакате другиот ако прво не научите да го поштедите и нежно и деликатно да му пристапите на неговиот од гревот  ранет свет.
           Животот на христијанинот е служење на Бога и на ближниот. Така, секој што ќе се обиде да го исполни тоа, го добива благословот на Божјиот Син, бидејќи тој ја исполнува Неговата порака: „Сакам милост, а не жртва“ (Мт. 9, 13). И во оваа милост сè е вклучено – љубов, грижа, однос, посветеност, посегнување до саможртва... Крст и самораспнување.
           Така, ќе видиме дека ни се отвораат заклучените врати, победуваме во „невозможните“ мисии и постигнуваме повеќе резултати со минимален напор и речиси без напрегање на силите. И ќе бидеме изненадени кога ќе откриеме дека здобиваме пријатели и возвраќаме насмевки на оние околу нас. Така постепено ќе ги затапеме стрелите на злобата на нашите непријатели и ќе ги претвориме во пријатели. Ќе станеме мали сонца, осветлувајќи ги световите на другите, не со нашата светлина, туку со Неговата светлина. Со неа лесно ќе го прогониме мракот од нас и од другите.
Затоа што едноставно ги наведнавме нашите горди глави и не поаѓаме од себе и од висината на нашето неприкосновено его, туку од моќта и богатството на сопственото свесно понижување. Го сменивме нашиот пристап како резултат на промислениот и просветлен менталитет кој е трансцендентален и ја победува ароганцијата на битието. Го направивме она што нè повика Спасителот Христос. Станавме не само слушатели, туку и извршители на Законот. Облагодатени, просветлени, Христови... Синови, а нѐ осиновени... Нему - на нежниот, благ и ненаметлив Бог, Кој нѐ наметнува туку нуди, тропа на вратата и не налетува низ неа. Царот на љубовта и мирот, Кој ги повикува своите следбеници не само да Го следат, туку да бидат Негови пријатели.
           На тој начин ќе ја достигнеме синхроничноста на љубовта и смирението, толку топло препорачани од терапевтите на духот - светите отци, што треба да биде нормална состојба на верникот. Особено на православниот човек, кој мора да биде „внатрешен човек“ кој го бара тоа неискажано Царство Божјо длабоко и неисцрпливо во себе си.


Автор: отец Јасен Шинев / богоносци.бг
За Преминпортал: Симеон Стефковски

 

25ти декември 2022 лето Господово