Stefan.Karuljski

Поуки за спасение


''Пази се.Еднаш се живее но и еднаш се умира!

Нема три места: или ќе паднеш во рајот или ќе одиш во пеколот.''


''Како што беше во деновите на Ное, така ќе биде и со доаѓањето на Синот Човечки.Блудот,омразата, ненаситноста и развратот ќе се размножат во светот до таа мера што тагите и неволјите што ќе ги испрати Господ да ги разбуди - глад, земјотреси, болести и, на крајот, страшно мачење од антихристот кон луѓето пијани од разврат - нема да им предизвика чувство на страв и потреба за покајание… “
''Пред нас се многу важни случувања.Христијанството сè уште го нема кажано последниот збор. Името Христово ќе се шири преку нас.
Сега е време да проповедаме, секој треба да се погрижи што е можно повеќе луѓе да бидат спасени, па затоа ќе добиe голема награда од Господ. Тоа се случува според даровите што Бог ни ги дал на сите: со пишување, потсетување, совети ... Не кријте го дарот.!Може да се направи многу повеќе за да се спасиме себе си и нашите ближни'' !


''Би било добро секој да го искористи ова време и да направи нешто за својот и вечен живот. Не треба да чекаме, бидејќи ова кратко време ќе помине брзо. Прво, одречете се од своите гревови. Погледнете во вашата душа да откриете кој грев ве победил најмногу и веднаш започнете борба против него!Покајте се и исправете си го животот. Не дозволувај да го чекаш Божјиот суд со овој грев врз твојата душа. Тогаш ќе биде доцна да се покаеме!!! Остави го тој грев порано, замени го со некое добро дело, сврти се кон Господа со своето срце и душа и плачејќи пред Господ, молејќи го да ти прости и да те помилува. Твојот свет ангел чувар ќе ги собере твоите солзи и покајанието и ќе ги претстави пред Господ кога ќе суди'

Stefan.Karuljski5
Старец Стефан Каруљски 

 Stefan.Karuljski3

Избор од фб профил на Православен Мирјанин

 

 

 

 

 TViTer41 

 Karulja

             ШТА ЈЕ ТО КАРУЉА?