krstot.spaso.jpg

Примери на општење со обични луѓе

(Извадок)

... Еден болен, во својата малодушност завикал кон Господа со солзи да го прекине неговиот страдален живот.

 Како одговор на неговата молитва му се јавил ангел Господов и му рекол, дека Господ по својата голема милост и човекољубие, ја услишал неговата молитва и е волен да го прекине неговиот овоземен  живот, но под услов, место една година  да страда на земјата, преку која човек се очистува како златото во оганот, да помине само три часа во пеколот.

 -“Твоите гревови имаат потреба да се очистат во страдања во текот на уште една година. Оти како за тебе, така и за другите Христови следбеници нема друг пат кон небото, освен крстоносниот,
по кој поминал и безгрешниот Богочовек. На тебе тој пат ти здосадил. Затоа, ти се предлага во пеколот да поминеш само три часа, од каде ќе бидеш спасен по молитвите на Црквата” - му рекол ангелот.
Болниот се замислил и се решил за пеколот. Сметал дека полесно ќе ги помине трите часа во пеколот, отколку една година да страда на земјава. Своето решение му го соопштил на ангелот. Тој ја зел душата на болниот и ја однел во пеколот. На крајот од разделбата, тој за утеха му рекол дека за три часа ќе се врати да го избави.

 Во пеколот владееле темнина и стегнатост. Од сите страни се слушале крици на грешници во маките. Низ густата темнина, исполнета со крикови, страв и ужас светкале очите на демонот, кои се нишале пред нив како огромни сенки: се заканувале секој момент да го задушат и ад го изгорат во својот поколен здив. Сиромавиот страдалник се затресол и завикал, но на неговиот повик немало одговор. Всушност одговорила пеколната бездна со своето далечно ехо, и со фрлање на адскиот оган кој се разнесувал на сите страни. Нему му се сторило дека од неговото доаѓање во пеколот поминало еден век, затоа за секоја помината минута посакувал да се појави ангелот и му се молел да дојде и да го избави. Но, ангелот го немало. Во очекување страдалникот горко заплакал. Но, на неговиот плач никој не одговорил.

 Секој грешник во пеколот бел зафатен со своите мачења, а нивните маки уште ги зголемувале демоните, кои на сите начини им се потсмевале.
Најполе тивката светлина на ангелската слава се покажала над бездната од пеколот. Со рајска насмевка пристапил ангелот кон доброволниот страдалник и го запрашал како се чувствува.

- Јас не можев да замислам дека ангел може да измами, едвај чујно прошепотел страдалникот од страшните маки.
- Како тоа? - запрашал ангелот.
- Ти ми вети дека по три часа ќе ме земеш и ќе ме избавиш оттука,а всушност поминаа години, па и векови во моите овдешни неискажани маки.
- Какви години, какви векови? - одговорол кротко ангелот. - Помина само еден час откако те оставив тука, и тебе ти остануваат уште два часа да поминеш тука.
- Уште два часа? Во страшен ужас!?- запрашал страдалникот.- Зарем само едн час поминал? Оф, јас не можам повеќе да издржам, немам сила! Ако е можно некако, ако е Божја волја, те молам, земи ме од овде! Подобро на земјата да страдам години и векови, само избави ме оттука! Сожали се на мене! Тоа во очајниот напор го изустил и ја подал својата рака кон ангелот.
- Бог, како милостив родител, ја излива милоста своја над тебе - одговорил ангелот. Но, ти треба да знаеш и да памтиш колку се страшни и неиздржливи пеколните маки.

Во тој момент страдалникот ги отворил очите, и видел дека се наоѓа во болничката постела. Под страшните впечатоци на она што го преживеал во пеколот, чувствувал крајна истоштеност и зголемени болки во телото. Но, тој од тогаш радосно ги поднесувал и ги трпел своите страдања и со ужас се сеќавал на пеколните мачења. Тој од дното на душата му бил благодарен на Бога за покажаната милост кон него.

 СЛАВА НА БОГА ЗА НЕГОВАТА МИЛОСТ!                

(Игумен Антониј - “Задгробни тајни” )


Подготвил: С.А.