Денес го славиме Св. Јован Милостив! Тој е Светител кој секогаш давал, но постојано бил во изобилие. Имаше еден свештеник во Камарица, можеби го знаете, отец Нектариј Виталис. Тој беше „мал човек“, никој и ништо. Во својот живот само даваше сѐ, и не зачува ништо за себе. Еднаш служев Света Литургија со него. Обично кога владиката ја посетува парохијата, свештеникот облекува убави одежди соодветни на владичките, за сите присутни да видат. Наспроти тоа, тој имаше одежди позајмени од некаде, една ракавица беше црвена а една зелена, и одеждите беа тотално распар, но тој беше многу среќен. Имаше дури и дамка на нив. Дали знаете колку пари им има дадено на луѓето? Неверојатно…!! Ќе ви раскажам чудна приказна… Отидов и му реков: „Старче, морам да те поздравам пред да си одам…“ и тој рече: „Чекај! Останатите можат да одат, но сакам да се исповедам на отец Николај“ И извади од елекот купче банкноти од 5, 10, 50 Евра, сите изгужвани. А по некое време, извади и плико со странски банкноти, некој од Австралија му ги дал. Не сфаќам што се случува, му велам „Морам да си одам“ но тој рече: „Чекај чедо, чекај, не ми се прави шеф“, па извади од под душекот уште нешто. Потоа отиде на друго место… и на крајот, си заминав со 13,800 евра од таму. Не зачува ништо за себе. Штом некој ќе му дадеше нешто, тој веднаш го даваше на друг. Знаете колку многу пари? Милиони му поминуваа низ раце и ништо не зачува. Мудро ја сфати стапицата. Не сакаше да добие ништо… беше доволно мудар за да знае дека кога ништо не задржуваш за себе, тогаш тоа е најдобриот дар за Бога. Без разлика на тоа што парите постојано доаѓаа кај него, тој немаше за цел да собира пари туку да ги одбива… добро знаеше дека е благословен оној кој дава а не оној кој зема. Тој имаше поинаква логика. Имаше и маани, но местото таму мирисаше прекрасно. Беше тоа едно неверојатно, прекрасно искуство, како пример на поинаква логика, поинаков дух, кој дури и во овој свет, се покажува како најдобар доказ дека Божјата логика ги исполува најголемите дела и ја сведочи Неговата праведност. Поголем благослов имаат оние кои даваат отколку оние што земаат. Во општеството во кое секој сака да заработи, се појавува човек кој сака да дава сѐ што поседува… „Богатството стекнато со добронамерност и милостина е големо; со давање се добива и со споделување се доаѓа до разбирање“, како што рече Св. Јован Златоуст. Голема вистина! Значи ова е нешто што ја докажува вистинитоста на ваквата логика.



И уште еден пример. Христос му рече на Тома: „Тома, ти поверува оти ме виде; блажени се оние, кои не виделе, а поверувале.“ Што очекуваме? Очекуваме да видиме за да поверуваме. Има такви кои бараат да видат за да поверуваат. Но има и такви кои гледаат а не веруваат. Најпосле постојат и оние кои најпрво  ќе веруваат па потоа ќе видат. Затоа, Господ вели „Блажени се оние кои не виделе, а поверувале„ (Јован 20:29)

Така, Он зборува за логиката на верата…од поинаков вид. За трансцедентална логика во која некој прво верува и потоа добива одговори. Ваквата логика може да се најде и во еден друг дел на Евангелието. Веќе зборувавме за петтата глава на Евангелието според Матеј, кое започнува со беседата на гората, блаженствата, и потоа Христос прави споредба. Оваа споредба покажува јасно дека душата треба да се угледа на нешто повозвишено од човечката природа, или на нешто подобро од „Законот и Заповедите Божји“ во Стариот Завет.

Господ им вели на луѓето, на оние кои го слушат: ”Им било речено на старите: ‘Не убивај! А кој ќе убие, ќе биде виновен пред судот.’ А Јас ви велам, дека секој, кој се гневи на брата си без причина, ќе биде виновен пред судот. На друго место се вели: ‚Не прељубодејствувај!‘ Јас, пак, ви велам дека секој што ќе погледне на жена со желба кон неа, тој веќе извршил прељуба со неа во срцето свое.“ Затоа ви велам, пренасочете го умот од страстните помисли бидејќи тие се подготовка за извршување на грев. Надминете го Законот и достигнете друго ниво, Не плашете се! Не ви додавам повеќе тежина, туку ве ослобдувам. „Сте слушале дека е речено: ‚Око за око, заб за заб.‘ А Јас пак ви велам: не противете му се на злото; туку, ако некој те удри по десниот образ, сврти му го и другиот.“ Луѓето се подсмеваат со тоа. Учениците кои доаѓаат да ме посетат понекогаш велат дека Евангелието е застарено и особено за последната фраза велат: „Тогаш, значи, треба да станеме колекционери на шамари?“ Тие многу често го цитираат ова, но не го разбираат. Не ја разбираат големината на ослободувањето од себе си. Твојот најголем непријател е никој друг, туку самиот ти. Тоа е нашиот карактер, нашите навики, нашите помисли, нашите врски, нашиот егоизам.

(Продолжува…)

 Извор:

 https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/kako-da-vlezeme-vo-bozhjata-logika-vi-del/

 

Друго:

 . Митрополит Николај Месогејски: Како да влеземе во Божјата логика – V дел

Митрополит Николај Месогејски: Како да влеземе во Божјата логика – IV дел 

Митрополит Николај Месогејски: Како да влеземе во Божјата логика – III дел

Митрополит Николај Месогејски: Како да влеземе во Божјата логика – II дел 

Митрополит Николај Месогејски: Како да влеземе во Божјата логика – I дел