Zvonko.sv.Vasa10


о. Горан Стојчевски
МАЧЕНИЦИТЕ- ХРИСТОПОДОБНИ  ОБРАЗИ  БОЖЈИ


„...нивното  страgање не било og утоiпија, не било пopagи непромисленост и неукост,или пopagи закани, туку  og љубов кон својот Бог, зашто за нас ќе вреgи ли животот, gоколку  во него Го нема Бога?"
- Архиепископ г.г. Стефан

„Молете се повеќе за gругите отколку за себе. Кажувајте ги зборовите: Гocпogи Исусе Христе, пoмuлyj ме, но секогаш uмајте ги на ум и gругите.Сите сме gеца на ист Отец, сите сме еgно. Затоа, кога се молиме за gругите, велuме: Гocпоgи Исусе, Христе, помuлyj не, а не: помилуј ги. На тој начин признаваме gека тие се заеgно со нас".
-старец Порфириј

Период на кризи, или период на суд Божји кога на испит е љубовта, надежта и верата. Обратен е вообичаениот редослед на трите столбови на патот од образ кон подобие. Но, слепо држејќи се до набројувањата секогаш тргнуваме онака како што сме научени. Уверени дека на испит е верата, која патем сметаме дека ја имаме ако имаме доволно информации за догмите, едностран историски приказ за Црквата и државата, и секако тесноградост и долоrовековна атмосфера на омраза кон сите оние кои не влегуваат во оваа наша шема. На таква книжевна вера се надоградува сепаративната надеж, дека Бог ќе им наплати на неверниците и предавниците чие место е во геената огнена. А, љубовта? Љубовта, таа веќе оладила, оти не и треба самодоволна вера и сепаратистичка надеж, не и треба како што вели Апостолот бакар што ѕвони, ниту кимвал што ѕвечи, туку чисто злато, стопати пречистено низ искушенијата, срце отворено што во молитвата ги опафаќа сите и се. Бог е љубов, љубовта е самиот Живот на Света Троица, ќе рече свети Григориј Ниски, љубете се еден со друг, по тоа ќе ве познаат дека сте Мои ученици, рекол Спасителот, да се возљубиме еден со друг, не повикува  Црквата, по тој возглас на повик на љубов се чита Симболот на верата и штом ќе се затворат надворешните врати Црквата е веќе откровение на царството Божјо, го очекуваме слегувањето на Светиот Дух врз Даровите кое умилно го просиме, а потоа ја полагаме сета надеж во Отецот Наш, останува сета таа стварност на љубовното небесно царство да ја вкусиме преку причестувањето со Телото и Крвта Христови. Може ли нешто да се издвои дека е поважно, освен тоа дека Бог благоволи да ни ја даде сета слава на Небесното Царство преку крвта на Својот Единороден Син и мирот на Духот Свети, а кога ќе дојде совршеното тогаш ќе исчезне делумното (1 Кор. 13, 10). Мачениците  биле токму така удостоени да го видат совршеното, како што сведочи светиот првомаченик и архиѓакон Стефан (Дела 7, 56), и затоа неговата молитва е љубовно барање подобно на Христовото, Господи не примај им го ова за грев, т.е. Оче, прости им, не знаат што прават. Првомаченикот подобен на Спасителот умира од љубов за оние кои го измачуваат, тој молитвено се застапува за оние кои го измачуваат, не ги изгонува од пределот на своето срце, проси да им се прости, оти таква е љубовта: долготрпелива, полна со добрина... се извинува, во се верува, на се се надева, се претрпува (1 Кор.13, 4-8). Скапо сме платени (1 Кор.  6,  20;  7, 23), вели светиот апостол Павле, да со крвта на Нашиот Господ Исус Христос, подобно на него Црквата е изградена, и како Црква и храмовите врз крвта на мачениците кои rореле од љубов кон Христа покажувајќи ја на дело со молитвената застапеност на своите мачители.
Денес, ах денес, со што да се споредиме? Со децата ли на пазариштата како што вели Господ, ниту на живо се радуваме, ниту на мртво плачеме. Да се радуваме ќе се угледавме на ангелскиот чин кој е продолжеток на маченичкиот етос во Црквата и молитвено ќе се застапувавме за сите, на мртво ако плачевме ќе си ги видевме своите гревови од младини, та горко ќе заплачевме и не ќе видовме ништо друго освен својот грев пред Бога, како шо вели светиот цар Давид во педесетиот псалм. Затоа да не избрзуваме во себепромоција на чувари на верата, да не се надеваме на проекцијата на својата правда како надеж во Бога, оти ја промашуваме љубовта, и така не, никако не не гонат, туку ние стануваме прогонители, не, не сме маченици туку мачители, што би рекол Гамалиил, борци против Бога. Можеби ќе звучи неконвенционално, но сите ереси не дошле од кривоверството, туку кривоверството доаѓа од немање љубов, тоа најдобро го посведочил светиот Максим Исповедник, а неговото позната дело е: Четиристотини rлави за љубовта. Оние кои ги каменувале пророците, оние кои го предаваат и распнуваат Христа, оние кои ги измачуваат Христоподобните образи Божји, тие немаат проблем со верата, или надежта,  немале љубов. Демоните се во пеколот мачители, оти немаат љубов. Немањето љубов со текот на времето раѓа и кривоверство, како и сепаратистичка надеж, дека само  побожните правоверни  ќе се спасат, а другите..., другите нека горат, оти се гнасни екуменисти, комунисти, глобалофашисти, содомисти... исти, исти, исти, а всушност ние да сме ти биле виножитно различните во  душа. Да, скапоцена е во очите на Господа смртта на Неговите светии" (Пс. 116, 15), но како што погоре спомнавме, тоа се христоподобни образи Божји кои се молат за сите, за сиот свет, на таа љубов и Господ се "чуди", оти и Он е Чуден во сите патишта  Свои. Со трпение спасувајте си ги душите (Лука 21, 19), советува Господ на мачениците, не завидувајте, не се превознесувајте, не возгордувајте се, не бидете непристојни, не барајте свое, не се срдете, не мислете зло (спореди 1 Кор. 13, 4-7)... видете ги своите гревови, покајте се, молете се за сите... љубете, па тогаш да може да се надевате на венецот маченички, во спротивно ниту сме се бореле, ниту пак верата сме ја запазиле, оти прво треба да направиме дело достојно за евангелист, а тоа е да се претрпи зло (2 Тим. 4, 5-8).

Zvonko.sv.Vasa10



П.С. Не е новотарија, но мачеништвото значи молитва зa сите и зa се, затоа во Црквата имаме и монаштво.

 

 Извор: ПРЕМИН 147/148