3.angeli.so.truba

Ако човекот не се моли, Му станува туѓ на Бог


Ова е една од најсериозните работи кои треба да ги правиме. Човекот, оптоварен со телевизорот (компјутерот), не може да се моли; бидејќи е расеан, тој не може да се моли, тој го губи најсветото.
 А Спасителот вели: „Молете се постојано!“
 Непрестајната молитва е постојана поврзаност со Бог. Така треба да биде и така е, затоа што тогаш се наоѓам постојано во Неговото присуство.
Не може јас да бидам со Бог, а да гледам на друга страна; срамно е ако мојот поглед е свртен од Него. Бог секогаш е присутен тука, затоа молете се непрестајно.
Така секогаш ќе бидеме во контакт со Него! Како што нема живот без дишење, не треба да ја оставаме ниту молитвата, затоа што таа ни е насушна потреба дадена од Бога.
Светите Отци велат дека треба да учиме од разните добродетели, да се научиме да бидеме добродетелни.


Старец Петрониј

 

 

Избор од фб профил на

Ивица Трајковиќ

 

8ми ноември 2020 лето Господово