Старецот Порфириј ми велеше еден ден: „Доаѓаат кај мене некогаш и момчиња и девојчиња. Кутрите деца, што сѐ немаат направено, сите плотски гревови ги имаат извршено, но јас ги сакам“.

Старецот не ги оправдуваше делата на децата; ги карактеризираше како плотски гревови, но истовремено ги сакаше како скапоцени души „за коишто Христос умре“. Со неговата љубов, ги привлекуваше како магнет и постепено ги исцелуваше од нивниот идолатриски однос кон телото.

Овој татковски став на старецот, беше погрешно сфатен од некои конзервативни пуританци, кои жалеа, и некои неодговорни прогресивци, кои славеа, поради истата причина: затоа што старецот наводно ги „толерира“ плотските гревови. Не разбираа дека гревот не се победува, ниту со нетрпеливо осудување на грешникот, ниту со задолжително легализирање на падот во грев. Старецот се бореше ефикасно со гревот, љубејќи го грешникот и помагајќи му во освестувањето на одговорноста за неговиот грев, и охрабрувајќи го да се промени во Христа, и од вината да дојде до покајание и простување, и да води живот во Христа.

Сакаше да ги води кон обновен живот, а не да ги измачува душите со старите работи.

Превод од грчки: Свештеник Јани Мулев

 

 

https://crkvaveles.wordpress.com/2019/12/02/gi-sakam-porfirij/?fbclid=IwAR35ixcl37jdScEVEcm_zcW6oWrJNherHlVyP1HZ5RVaYvQ7P906Cyn79t4