Многу сум им  благодарен на господинот Љубиша Петровски и на редакцијата на Премин Портал што навистина достојно го презентираа ликот на еден од водечките православни митрополити Антониј Сурожки. Читајќи го текстот, не можам да се воздржам да не ги забележам моите импресии од средбите со овој Божји Владика.

Antonij.Blum1.jpg
   Во едно саботно приквечерие, во фебруари 1989, шетајќи се по улиците на Лондон, наидов на Руската Православна Црква - Успение Богородично и Сите Свети.  Влегов во огромната, празна и полутемна нео-романска катедрала, бивша англканска црква со малку павославни одбележија.
    Antonij.Blum.jpgЗастанав на сред црква, а спротивно од мене пред олтарот само еден старец на околу 80 години служеше вечерна молитва.  Двајцата бевме потполно сами во црвата, “еден да чита а друг да слуша”.  Не бев свесен што чита стрецот само неговиот мил и татковски глас потполно ме обземаше. Иако бев многу уморен, стоев и немав потреба да седнам. Стоев, но не го чуствував подот под моите нозе.    

    Во тој момент сватив дека во црквата не сме само ние двајцата, дека црквата е исполнета со Божјото Присуство. Во истиот момент се ми постана блиско и мило, го засакав Господа, го засакав Старецот чии лик се уште го немав видено, ниту пак името му го знев. Ја засакав мрачната катедрала која во наредните шест години ми беше мој втор дом. Ги засакав луѓето што секогаш ја исполнуваа оваа црква и никогаш повторно во неа не се најдов сам.

   Во наредната сабота се служеше Вечерна Богослужба во пресрет на Велики Поклади. По завршувањето на службата имаше еден за мене тогаш непознат ритуал. Сите присутни верници (околу 200-250) се наредија во круг и секој од нив требаше да дојде прво пред “Стариот Владика”, да се прекрсти, да направи длабок поклон, да се прегрни и  да побара опростување. Потоа истото да го стори со свештениците и исто така  со сите присутни во кругот. Кога дојде редот на мене  и кога  застанав пред Владиката, тој неочекувано направи метанија пред мене ме прегрна и ми се обрати со зборовите: “Синко, прости ми се што ти згрешив”.  Јас  бев потполно збунет, нозете  ми се отсекоа и не можев ништо да кажам. Вечерта не можев да спијам од возбуденост, неразбираќи како тоа еден толку стар човек, кои им ги знаеше имињата на сите и на кого сите тие му правеа метанија  може да бара опростување од мене и да ми прави метанија на мене, човек буквално дојден од улица кого прв пат го гледа  и кој е никој и ништо. Беше очигледно дека Старецот има висока митрополитска позиција, има власт и е почитуван од луѓето што ја посетуваа црквата тој ден.

   Утредента, уште рано пред да почне Богослужбата отидов во црквата и во црковната книжара наидов на книги со ликот на Стариот Владика. Така го запознав славниот Антонѕ Блоом (Антониј Сурожки). Оттогаш, па се до моето иселување од Лондон во 1995 година ги слушав редовно неговите неделните беседи на кои тој скоро секогаш го објаснуваше Божјото Присуство во секојдневниот живот. Низ сите негови беседи се провлекуваше поуката за нашиот однос кон Живиот Бог. Секој четврток пред една мала група од десетина парохјани држеше предаванње на одредена тема. После овие предавања пиевме чај и разговаравме. На овие средби јас често скицирав и напрвив неколку цртежи со негов портрет. Еден од нив за прв пат јавно го обајавувам во Премин Портал.

    Во една ваква прилика го запрашав зошто го направи она со метанијата, а тој ми рече “дека нема таков човек на светот поради кој тој ќе оди во пекол”, дека е спремен е на секого да му прости и од секого да побара опростување. Пред ова случување себе си се познавав како човек кој тешко ги забораваше неправдите и тешко им опростуваше на оние што ми ги нанесуваа. Неговата лекција за простувањето ме промени за секогаш. Во скоро 20 години изминати одтогаш секојдневно се соочувам со разновидни искушенија при што нивистина се обидувам искрено да опрустувам за се и на секого.    

    Освен на спомнатите предавање, до Владиката Антониј  беше тешко се дојде. Не затоа што тој се дистанцираше од луѓето, туку затоа што премногу луѓе сакаа да го сретнат и да разговаарат со него. Тој живееше во самата црква десно од олтарот и после службата од олтарот влегуваше директно во својата соба. Беше принуден да го прави ова, ако за миг застанеше со еден од верниците, истовремено други десетина ќе придојдоа. Владиката често се жалеше дека има премногу телефонски јавувања и молеше да му телефонираат само ако е хитно. И навистина секогаш кога беше хитно и да беше болен, тој интервенираше и ги примаше на разговор оние на кои им беше неопходна неговата помош, во што неколку пати и самиот се уверив. Еднаш кога сакав да имам со него подолг разговор требеше да се запишам на листата за чекање и бев под реден број 319. Ова е еден од показателите за големината на овој духовен лекар.


    Му благодарм на Господа што ме удостои да го сретнам и да учам од овој полн со љубов и благост Божји човек.     
    Го молам Владиката Антониј  да се помоли на Господа за нас и за нашата црква.
    Вечнаја Памјат Владико Свјат.
 
Глигор Стефанов

 

Друго:

Митрополит Антониј Сурожки

 

 Посети:{moshits}