TVITer584

 

Браќа и сестри! Свети Илија е наречен пророк Божји, човек Божји, зашто има и сатански пророци. Како да се разликуваат Божјите пророци од прорците на ѓаволот?

Пророкот Божји им ја открива на луѓето волјата Божја само тогаш кога на нив нисходи Духот Свет. Што се однесува до демонските пророци, тие не прорекуваат, тие гатаат за пари. Тие одговараат на прашања, што им ги задаваат. Во својот живот тие се далеку од евангелската моралност, и кога тие „прорекуваат“, тогаш човекоугодничат, им повладуваат на човечките страсти и похоти, за да ѝ угодат на толпата.
Светиот пророк Божји, Илија, според зборовите на синот Сирахов, бил како виор, „ и како пламен од факел гореа зборовите негови“ (Сир. 48, 1-12). Виорот уништува, брише сѐ на својот пат. И пророкот Илија, како виор, го уништува гревот, беззаконието и порочноста. Неговиот збор, како светилник, го озарува патот на сите кои бараат спасение.

Браќа и сестри! Потребно ни е да му подражаваме на Светиот пророк Илија во љубовта кон Бога и во ревноста по вера. Се разбира, таква чистота на умот нема да постигнеме, и нема да бидеме Илија, но подражавањето на добродетелите е залог за нашето морално совршенство и спасение. Амин.



Архимандрит Рафаил Карелин