Телесната смрт не доаѓа пред да созрее плодот, т.е пред христијанската душа да биде подготвена за премин во другиот свет. Смртта доаѓа во најдобриот момент за преселување во Царството Небесно.

Доколку животот не прекине благовремено, душата би била во опасност да го изгуби стекнатото богатство со нови падови, и затоа милостивиот Бог го пресекува овоземниот живот во најпогодното време за спасение. И обратно: животниот век неретко се продолжува заради растење во молитвата и покајанието. Во црковната историја се сретнуваат многу примери каде што Господ на земјата ги враќа душите на преминатите што не биле спремни за средба со Него. -


старец Јован (Крестјанкин)

 

-  Совеста е честичка на Бога во твоето срце.
старец Гаврил

-  Пијте почесто света вода. Таа е најефикасен лек. Не ви го велам ова како свештеник, туку и како лекар. Од моето долгогодишно искуство во медицината.
свети Лука Војно-Јасенецки, професор на медицина, хирург и епископ Кримски (+1961)

 

 

Извор. ФБ профил на: манастир ЗРЗЕ

2ри февруари 2019 лето Господово