Научи се да љубиш – Отец Трифон ( Парсонс)

Душевниот мир

Секој ден ни се случуваат различни искушенија, кои го имаат за цел нашето духовно здравје. Се случува некој колега или член на нашето семејство да ни направи забелешка, сакајќи да не натера да го загубиме свото самовледеење. За нас тоа ознчува: треба по внимателно да ги следиме своите срдечни двежења. Сите наоколу сплеткарат, за нас тоа е повод да премолчиме. Шоферот, кој одеденаш нè претекнува; жената, која ни го зема редот при чекањето; грубиот сосед... Секој поедиечен случај е можност да не се предадеме на искушението и да се искачиме погоре на духовниите скалила.

Сретнувајќи ги искушенијата и испитанијата со мирно среце, ние примаме исцеление од  болестите на душата, ја смируваме. Предавајќи се, остануваме во оковите на гревот, кој не заробил уште од времето на прародителите. Ако откажеме да играме на музиката на искушенијата, ако сме бодри и се бориме со нив, ќе забележиме, дека во минутите  на борба самиот Христос се населува во нашата душа, исполнувајќи ја со радост и мир.

Навика која не одделува од Бог

Ако постојано се жалиме, колку неправедно се однесуваат со нас, никогаш нема да се доближиме до образот на Спасителот, Кој примил смрт од  Своите непријатели. Ние треба со сите сили да се стремиме кон Бог, да се трудиме да ги жалиме и љубиме оние, кои не нè љубат. Трпејќи мачења, Христос се обраќал кон Својот Отец. Така и ние, кога сакаме да кажеме нешто со досада, треба прво да погледеме кон крстот.

Навиката да се жалиме го доведува срцето до смут и не отклонува од вистинскиот пат, ни ја оладува усрдноста и ни пречи во постигнувањето на мирот, на светоста. Со навиката да се жалиме ние го газиме страданието како неопходна мерка по патот на соединувањето со Бог. Оплакувајќи се, ние доброволно се приковуваме себеси за земјата и се лишуваме од радоста, која вообичаено нè посетува, кога се предаваме во грижливите раце на Господа.

 Милосрдие и љубов

Љубовта не е некаква постапка, извршена од чувство на морален долг. Љубовта е нешто, кое го сврзува нашиот видлив свет со божествениот, скриен од погледите ни, свет. Едниот свет е привремен, другиот е вечен, а  и двата се створени од Бог. Во времениот свет ние се подготвуваме за вечноста. Двата света се држат на милосрдието и љубовта.
Можеме и во најмали подробности да ги запазуваме сите канони и устави, да го имаме огромното наследство на традицијата и преданијата но, ако немаме љубов, ние сме страшно бедни. Самиот Господ ветил дека на Страшниот суд ќе ни суди според делата. Исполнувањето на законот не е во фарисејската праведност, туку во љубовта. Ако за нас православната вера се исцрпува со продолжителноста на богослуженијата, со запазувањето на сите устави и пости, се чини, во пракса ништо не сме постигнале.

Ако кон сите не пројавуваме милосрдие и сострадание, извршуваме страшен престап кон нашата вера и кога ќе застанеме пред Бог, нема да можеме да ништо да кажеме. Ако бараме власт, лидерство, ако се превозенсуваме над другите, недостатокот на љубов ќе ни биде за осуда.

Милосрдието е директен одраз на нашата љубов кон Бог и токму благодарение на таа љубов, ние стануваме чувствителни и отворени кон секој човек, кој страда, кој е болен, кој претрпува душевни и физички маки. Христијанското милосрдие произлегува од љубовта, самото тоа е одраз на љубовта.

Како да се научиме да љубиме?

Јас сум Светлината на светот; кој врви по Мене, нема да оди во темнина, туку ќе има светлина во животот (Јован 8:12). Тој лик на Спасителот, лик, оставен од Него Самиот, уште еден пат сведочи, дека имено Тој е светлината на љубовта и вистината, светлината, која го осветува светот. Тие слова нè потсетуваат за истото, истата таква светлина живее во нас самите: Така треба да свети  пред луѓето вашата светлина, за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот  Отец  небесни (Мат.5:16).

Божествената светлина, за која говори Господ, свети  благодарение на нашата љубов - Сам Он ни заповедал да ги возљубиме како себе самите, не само ближните, туку и непријателот.
Често во животот ни се појавуват луѓе, кои меко кажано, не ни се допаѓаат, и не станува збор да ги возљубиме. Како тогаш да ја исполниме Божјата заповед и да ги љубиме сите без исклучок?

    Затоа што сме православни христијани, ние ги почитуваме иконите на светителите, знаејќи дека ако Бог е светлина, тогаш и светителите се истата таква светлина. На тој начин и за време на богослужбата ѓаконот или свештеникот извршува кадење на храмот, тие ги кадат сите луѓе, и како да не потсетуваат, дека секој човек е лик Божји и дека ние треба тоа го паметитме.

    Ако во секој човек го гледаме Самиот Христос, тогаш  и во оној кој којзнае зошто не ни се допаѓа, кој можеби не навредил со нешто или во злиот, кој има недостиг од добрина....ние ќе успееме да го видиме Божјиот образ – навистина, помрачен од гревот. Но, нели затоа Христос пострадал на крстот и за оној, кој не ни е по душа. Господ ги љуби сите, затоа  и ние треба да постапуваме на истиот начин.

    Конечно, како да дојдеме до тоа - да ги возљубиме сите? Е тука ние потребна благодатта на Светиот Дух. Слично на апостолот Павле, ние можеме да кажеме, дека сето добро, кое го вршиме, го извршува Самиот Христос. Љубовта кон непријателите, меѓу другото е и најтешката од сите заповеди но, за Христос нема ништо невозможно. Трудејќи се да го возљубите ближниот, молете се, повикувајте го Бог на помош. Сè се извршува од Светиот Дух, затоа со Божјата помош сè ни е според силите, па дури и светоста.

 

Извор: https://pravoslaven-sviat.org/2018/12/06/da-se-nauciw-da/?fbclid=IwAR1lCGL9UE_XRdatStwS82TGJOvz4AzGCyFacqoUnNLtgpgvRAmRZEJMhkY

 

За Преминпортал

Подготви: Маја Белева

7-ми декември 2018 лето Господово