Секој од нас е Јуда штом го прифати концептот на паднатиот свет граден врз сластољубие, среброљубие и славољубие. Но, да не се обесхрабруваме во Тајната вечера - Литургијата ни се дава можност да бидеме причесници и учесници во вечниот живот преку покајанието. Иако, тајната сме ја кажале на непријателите, иако сме дале целив како Јуда, покајно како разбојникот да исповедаме дека Христос Воскресна и дека стори се` што требаше да се стори за нас: крстот, гробот, слегувањето во адот, тридневното воскресение, вознесение, уште и Второто славно доаѓање..

Твои од твоите...

 

05.04.2018 лето Господово