Господ во светата тајна на Евхаристијата нѝ се дава Себеси. Тој е нашето Раѓање, Христос е нашата Пасха. Најважно е каде е насочена волјата на човекот: што ти самиот сакаш? Сакаш ли да се родиш за духовниот свет? Господ тропа на вратите на секоја душа. Нè повикува во храмот. Сака да нè спаси. Сè ни дава за животот, и не толку за земниот, колку за вечниот. Тој нѝ допушта страдања, за да можеме да размислиме што ќе се случува во идниот век. Заболувањето – ете потсетник да се помолиме и подготвиме за Причесната. Понекогаш сме толку зафатени што изгледа дека повеќе не нѝ е до Бога. И тогаш сме се разболеле – и веднаш се сетивме. Или одеднаш започна војната  – и луѓе во редици се во храмовите. Значи, секогаш кога имаме некакви проблеми. Со Бога, не е страшно. Господ помага.

Схиархимандрит Илија (Ноздрин)

http://www.mocdanz.org.au/mk_MK/%d0%9d%d0%b0%d1%98%d0%b2%d0%b0%d0%b6%d0%bd%d0%be-%d0%b5-%d0%ba%d0%b0%d0%b4%d0%b5-%d0%b5-%d0%bd%d0%b0%d1%81%d0%be%d1%87%d0%b5%d0%bd%d0%b0-%d0%b2%d0%be%d0%bb%d1%98%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d1%87/