Во летото 1921 година, лекарот и свештеник отец Валентин Војно-Јасенецки (идниот Св. Лука Кримски), требало да се појави на суд како сведок на одбраната за некои обвинети лекари.

– Кажете ни, попе и професоре Војно-Јасенецки, како можете така навечер да се молите, а преку ден да сечете луѓе? – го прашал чекистот од фамилијата Петерс.

– Ги сечам луѓето за да ги спасувам, а вие во името на што ги сечете, господине јавен обвинител? – одговорил отец Валентин.

Во просторијата одекнал силен аплауз поради тој одговор.

Тогаш Петерс поставил прашање коешто, според него, требало да ги одврати симпатиите на присутните од докторот.

– Како така верувате во Бога, професоре Војно-Јасенецки? Зарем сте Го виделе Тој ваш Бог?

Свештеникот хирург спокојно одговорил:

– Навистина не сум Го видел Бога, господине јавен обвинител, но често правам операции на мозокот, и сепак, кога ќе го отворам черепот никогаш не наоѓам внатре ум. А и совест таму исто така не наоѓам.

„Обвинението против лекарите“ претрпело потполно фијаско. Според присутните очевидци, осудените се спасиле од стрелање токму преку сведочењето на свештеникот хирург Војно-Јасенецки.

 

Извор: Бигорски манастир