(Обновено)

 

Бог има ставено сила во душата на човекот. Од него зависи како ќе ја насочи, дали за добро или за зло. Ако доброто го споредиме со цветна градина полна со цвеќиња, дрвја и растенија, злото го споредиме со трње, а силата со вода, тогаш може да се случи следново: кога водата ќе ја насочиме кон цветната градина, тогаш сите растенија се развиваат, зеленеат, цветаат, оживуваат. Во истиот момент трњето, бидејќи не се наводнува, се суши и уништува. Може да се случи и обратно.

Значи, нема потреба да се занимавате со трњето. Не зафаќајте се со изгонување на злото. Христос такви нè сака, да не се занимаваме со страстите и со противникот, односно ѓаволот. Насочете ја водата, односно сета сила на вашата душа, кон цвеќињата и ќе се радувате на нивната убавина, убавиот мирис и свежина.

Не станувате свети со гонење на злото. Пуштете го злото. Гледајте кон Христос и Он ќе ве спаси... А кога ќе се исполните со доброто, тогаш веќе не вртете се кон злото.

свети Порфириј Кавсокаливит

 

 

Избор од ФБ на Манастирот Зрзе

28-ми јуни лето Господово 2017