„Ништо толку силно не може да ја изрази длабочината на христијанската љубов и смирение, ништо друго не може да внесе свежина во срцата на луѓето и промена во атмосферата на целиот свет, како што тоа го може зборот прости. Збор, кој го претставува тој силен крик на душата и повикот кон секој човек за помирување...

Еден на друг тоа да си го направиме, да си простиме, та да ја привлечеме Божјата милост кон секого од нас. Така ќе направиме пат за Царството небесно да се пробие во овој паднат свет.

Прости ми, и моли Го Бога да ми ги прости многуте мои гревови.“

 

26.-ти февруари 2017 лето Господово