Вовед

          Пастирската служба според своето значење и мисија што ја има е неспоредливо поголема од било која друга што се извршува на земјата, а место зазема дури и на небесата, па затоа нејзината димензија е небоземнаГоспод Исус Христос е Единствениот, Вистинскиот Пастир, а црковните пастири се неговите соработници. Пастирот е повикан да се стави во служба, за да го продолжи делото Христово приведувајќи го кон спасение човечкиот род што е ,,добра работ ,, за која му е дадена голема власт и уште поголема одговорност.

             Свети апостол Павле во своите посланија до Тимотеј и до Тит мошне јасно ја искажува возвишеноста на пастирството и дава совети и упатства за раководење со Црквата ( 2.Тим. 4, 2.; Тит. 1, 5-9 ). Врз основа на овие апостолски посланија, светите Оци оставиле богата ризница од напишани дела за пастирската служба.

             Светите Три Светители, Св. Василиј Велики, Св. Григориј Богослов и Св. Јован Златоуст се светила кои силно блескаат со својот живот и со своето дело и се ненадминливи пастири на Христовата Црква.

           Целта поради која е востановена Св. Тајна ( свештенство ), т.е пастирската служба има основа и во Светото Писмо. Кон таа цел треба да се стремиме бидејќи се состои во ,, изградување на телото Христово,, ( Ефес 4, 12 ) односно со други зборови во благодатно препородување на луѓето и нивното единство со Бога, или по можност уподобување на Бога и соединување со Него. Тоа е служба со голем подвиг, која се одвива во присуство на вечна грижа и љубов Божја од една страна и лута војна, која ја води ѓаволот со приемниците на Божјата благодат. Затоа има многу случаи кога токму оние кои се сметале за недостојни бегале и се криеле знаејќи ја одговорноста која и подлежи на оваа служба.

                    

                         2) Кратки житија на Светите Три Светители

         а ) Свети Василиј Велики е еден од најголемите Оци на Христовата Црква низ вековите. Тој е роден 330 година во Кесарија, која била главен град на Кападокија, Провинција во источна Мала Азија. Татко му се викал исто така Василиј, даровит и прочуен кесариски ретор, кој прв го научил својот син на читање и пишување. Мајка му се викала Емилија една од големите жени во христијанството, која рано го вовела своето чедо во добродетелите на Евангелието.[1] Своето образование Свети Василиј Велики најпрво го добил во Кесарија, потоа во Цариград и најпосле во Атина, каде се сретнал со Григориј Богослов ( Назијанин ) и меѓу нив се развило нераскинливо пријателство и длабока духовна врска и блискост.[2]

             Во душата на св. Василиј секогаш се бореле два стремежа, љубовта кон философијата ( жедта кон знаењето ) и љубовта кон аскетскиот живот ( желбата да се оддалечи од светот во тишина и молчење, да се предаде на духовни созерцанија ). Откако го завршил своето световно образование во Атина, околу 356 се вратил во родното место каде што примил крштение и внимателно почнал да го дополнува своето христијанско образование, кое го сметал за многу поважно од претходното.[3]

             Свети Василиј Велики го привлекувала желбата за монашкиот живот, особено по преземањето на темелното проучување на Светото Писмо, како и разговорот со сестра му Макрина и познавањето со познатиот подвижник Евстатиј. Василиј го разделил својот имот на сиромашни луѓе и тргнува на Исток во Александрија, Египет и Палестина.

         И покрај личната желба за мир и тихување, состојбите во Црквите барале од свети Василиј да влезе во клирот и да се зафати со борбата против црковните ереси и поделби. Во 369 година Кесарискиот епископ го ракопложил во ѓаконски чин, а како свештеник бил ракоположен од Евстатиј-човек навистина добродетелен, но малку учен и во книжевната мудрост неупатен.[4]

         Свети Василиј Велики и покрај големата популарност со многу тешкотии станал архиепископ на Кесарија станува во 370 година. За изборот бил пресуден гласот на свети Григориј, таткото на свети Григориј Богослов, кој донесен на носила го дал својот глас и го заложил својот авторитет пред другите епископи.

       Во целиот свој живот свети Василиј Велики е испосник, монах и созерцател, обдарен со милостивост, светост и генијалност. Тој епископствувал во еден тежок период, за Црквата, но сепак бил бестрашен борец за верата и пожртвуван свештеник кој секогаш е на располагање на вернитe. Како последица на слабото здравје од младоста се упокоил во Господа на 1- ви Јануари 379 година. Изгорел во ужасниот пожар кој бесно го зафатил Истокот. Гасејќи го пожарот. Св. Григориј Богослов посведочува дека неговите последни зборови биле кон Бога: ,, Во Твои раце го предавам својот дух“.

         б ) Свети Григориј Богослов Кападокиец, кој бил животен другар и соработник на свети Василиј Велики. Епитетот Богослов му го придале поради неговите проповеди за Бога и Словото, а називот Назијанин (што многупати се среќава во теолошката литература), го добил по градот Назианз каде е роден. И неговиот татко бил епископ.[5] Свети Григориј е роден во првата половина на 4 век ( 330- 329 ) во малото кападокијско место Арианз, близу до градот Назианз, од татко Григориј, кој отпрвин бил многубожец, виден администратор, а подоцна станал и епископ. Мајка му се викала Нона, христијанка и прекрасна жена.

           Своето образование Св. Григориј го завршил во Кесарија Кападокијска каде што за прв пат се запознал со свети Василиј Велики. Оваа средба е историска и промислителна за нивно добро, за чест на нивните домови и за слава на православието. Силен ум и духовна жед го поттикнала момчето кон уште поголем степен на своето образование. Тој заминал во Кесарија Палестинска која била мошне важен културен, политички и економски центар на целата света земја кадешто Св. Григориј ги слушал лекциите по красноречивост на славниот ретор Теспиј.[6]

       Од татковите раце примил крштение, а тогаш имал повеќе од 30 години. Поради видните потреби, татко му го ракоположил за презвитер, и истовремено се подготвувал за чин епископ. Но, Св. Григориј го избегнувал тој чин и се повлекол во осамеништво во Василиевиот манастир во Понт. Св. Василиј Велики му понудил да го преземе раководењето со малата епископија во Сасим, но тој не го прифатил неговиот предлог. Против негова волја Василиј го хиротонисал во епископ, но тој набргу се повлекол далеку меѓу ридиштата така што никогаш не застанал на својата епископска катедра. Многу подоцна по молба на своите пријатели ја прифатил пастирската служба во епископијата во Назианз, но се одалечил повторно во Селвикија и Исаурија поради молитвен и аскетски живот.

         Тој бил благ човек со мека душа, лесно се раздразнувал и лесно се стишувал. Преку целиот живот го следело едно постојано колебање и двоумење. Се упокоил 389 година и бил погребан во Назианз. По многу години неговите мошти се пренесени во Цариград.

       в) Свети Јован Златоуст е Христов пророк, апостол, подвижник и маченик, според зборовите Јустин Ќелиски, Св. Јован бил живо подвижно Евангелие.[7] Ретко кој меѓу црковните Оци доживеал таков крстоносен пат како вистинскиот Христов следбеник Златоуст.

                 Тој е роден 345 година. Потекнува од отмено и благородничко семејство. Неговите родители се викале Секунд и Антуса. Татко му се упокоил по неговото раѓање. Основното образование го добил од својата мајка која останала вдовица на 20 годишна возраст. На 18-годишна возраст свети Јован Златоуст се предал на изучување на Светото Писмо и христијанското богословие, во антиохиското монашко училиште, кое го водел прочуениот егзегет Диодор Епископ Тарсијски.

                 Во 381 година Мелетие Антиохиски го ракоположил Јована за ѓакон, а набрзо потоа се упокоил, па неговиот наследник Флавијан го ракоположил за свештеник. Почнал да го преведува и толкува евангелието на народот онака како што никој пред него тоа не го правел поради тоа собирал во храмовите мноштво народ. Познат како голем беседник, Св. Јован Златоуст бил повикан во 397 година на архиепископската катедра во Цариград, каде што ја извршувал својата пастирска служба со апостолска ревност. Но, сето тоа не траело долго. Неговата положба била посебно отежната по погубувањето на Европиј – првиот царски министер и тогаш сета власт во свои раце ја зела царицата Евдокија, која Златоустовите проповеди ги сметала за лична навреда.

           Свети Јован Златоуст се упокоил во местото Комане на 14 Септември 407 година изговарајки ги зборовите: ,,Слава Му на Бога за се’’. Поради неговиот ораторско – реторички талент, бил наречен ,,Златоуст’’[8]Се раскажува дека една од неговите ревносни слушателки по една негова пламена проповед извикала: ,,Твојата уста е златна’’. Никој не говори, така како што говориш ти. На тој начин го добил епитетот Златоуст.

           Неговите свети мошти се поделени. Главата се чува во успенскиот храм во Москва а телото во Ватикан во храмот свети Петар.[9]

 Проф. Прот Методи Гогов, Патрологија, Скопје 1979, 140.
  Др. Душан Јакшиђ, Живот и учење Св. Јована Златоуста, Сремска Карловица 1934, 44.

 

 

(Продолжува)

 

Протоѓакон Г. Ибришимов, Духовни бисери од Св. Оци, Скопје 2007, 91.

[2] проф. прот. Методи Гогов, Патрологија,Скопје 1979, 47.

[3] Енциклопедија православља, Београд 2002, 37.

[4] Јустин Поповиќ, Житија светих, Ваљево 1991, 385.

[5] Енциклопедија православља, Београд 2002 , 40

[6] Протоѓакон Г. Ибришимов Духовни бисери од Св. Оци, Скопје 2007, 147-148.

[7] Атанасие Јевтиђ, јеромонах, Источни оци и писци, Београд 1984, 214.

[8] Проф. Прот Методи Гогов, Патрологија, Скопје 1979, 140.

[9] Др. Душан Јакшиђ, Живот и учење Св. Јована Златоуста, Сремска Карловица 1934, 44.

 

 

 

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ “ – СКОПЈЕ
ПРАВОСЛАВЕН БОГОСЛОВСКИ ФАКУЛТЕТ          „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – СКОПЈЕ

Дипломска работапредмет:
Пастирско богословиетема:


„Пастирската служба според Светите Три Светители“
               

ментор:  Проф. д-р  Ацо Гиревски , протаставрофор     

                                                 
 изработил: Зоран Велковски
 Скопје, 2013