TVIT818

Veliki.Cetvrtok7.jpgДушата што Го љуби Господа, не може а да не се моли, оти таа копнее по Него преку благодатта, којашто ја позна во молитвата. За молитвата ни се дадени храмовите. Во нив службата се совршува според книгите. Но, храмот не можеш да го земеш со себеси, и книгите не можеш да ги имаш секогаш, а внатрешната молитва секагаш и секаде е со тебе.

 

 Во храмовите се совршуваат Божествените служби, и таму живее Духот Божји. Но душата е најдобар храм Божји. И кој се моли во душата, за него целиот свет станува храм. Но, тоа не е за сите.

Многумина се молат усно, и сакаат да се молат пред книгите. Тоа е добро, и Господ ја прима молитвата и ги милува. Но, ако некој Му се моли на Господ, а размислува за нешто друго, тогаш таквата молитва Господ нема да ја услиши. Кој се моли по навика, кај него нема промени во молитвата. А кој се моли усрдно, кај него има промени во молитвата: борба со непријателот, борба со самиот себеси, со страстите, борба со луѓето. И во сè треба да се биде мажествен. Барај совети кај тие што се опитни, ако ги најдеш, и смирено барај од Господа и Тој ќе ти даде разум заради смирението.

Колку голема радост за нас е тоа што Господ, не само што ни ги простува гревовите, но и Самиот Себеси ѝ се дава на душата да Го познае, кога таа се смирува. И најбедниот може да се смири и да Го познае Бога со Светиот Дух. Не се потребни ниту пари, ниту имоти, за да се познае Бог, туку само смирение. Господ се дава Себеси за бадијала, само заради милоста. Порано јас не го знаев тоа, а сега секој ден и час, секоја минута, јасно ја гледам милоста Божја. Господ дава мир дури и во сон, а без Бога нема мир во душата. На мнозина, заради гордоста на нивниот ум, Господ не им дава да Го познаат, а тие мислат дека многу знаат. И што им вреди нивното знаење, кога не Го знаат Господа, не ја знаат благодатта на Светиот Дух, не знаат како таа доаѓа и заради што се губи. Но да се смириме себеси, браќа, и Господ сè ќе ни покаже, како татко кој ги љуби своите деца и сè им покажува.

Посети: {moshits}