6U_5DssV-Uk

 11/03/2015   Поуки - совети

„Ќе ви раскажам една случка. Еднаш, пред многу години, во 11 часот навечер ми заѕвони на телефон епархискиот архиереј. Рече: „Оче, се надевам дека не ве разбудив?“
Секако, дека ме разбуди.

Потоа тој ми рече: „Ми се јавија од болница. Треба под итно да заминете таму и да причестите еден човек на смртна постела“. Јас се спремив, седнав во метро и заминав во Бронкс, кој се наоѓа на околу 20 км од нашиот манастир. Дојдов во болницата, го причестив човекот со Светите Дарови, и кога повторно се спуштив во метро, веќе беше еден часот после полноќ. Долго време го чекав возот, а кога дојде, во вагонот немаше никој. Бронкс – е многу сиромашно и многу опасно место. Тоа време, градот врие од разбојници кои ги ловат самите патници. Секое утро, во таа месност, наоѓаа трупови на ограбени луѓе. И буквално после неколку станици, во возот влезе младич со доста бандитски изглед, кој застана на спротивната страна на вагонот и почна внимателно да ме набљудува. Изгледаше доста опасно, и кога се затворија вратите, а возот тргна, тоја почна да се движи кон мојата страна. Мојата прва мисла беше: „Готово, ми дојде часот“.
Младичот дојде, застана над мене и рече:
– И што си сега ти? Што си се облекол така?
Јас му одговорив, дека сум свештеник.
– Каков свештеник? – рече тој.
– Православен, – одговорив јас.
Со мене носев чанта, во која имаше епитрахил, требник и сè што ми беше потребно за служба, и кимнувајќи накај чантата, младичот ме праша:
– А што имате во чаната?
Јас му реков:
– Истото, што и ти во главата.
– То ест?
– Празна е.
Човекот се засмеа и рече:
– Ти што, не се плашиш од мене?
– Не, – реков, – не се плашам. Тој седна и ми вели:
– Знаеш, јас порано бев католик, но повеќе не верувам во сите тие работи.
Јас го прашав:
– Во какви работи? Ми одговори:
– Еден свештеник ни велеше дека може да ги промени лебот и виното во Тело и Крв. Зарем ти веруваш во тоа?
– Секако дека верувам – одговорив јас.
– Тогаш, – рече тој, – твоите парохијани не веруваат во тоа.
– Секако дека веруваат!
Тој ме погледна и рече:
– Што, тие воопшто не си одат дома?
Јас не го разбрав неговото прашање:
– Што сакаш да кажеш? Секако дека си одат дома!
Слушајќи го тоа, тој мавна со раката, ме погледна со потсмев и уверено рече:
– Не, тие не веруваат. Ако јас верував, дека Исус Христос, Самиот се наоѓа во тој олтар, во таа црква, јас никогаш не би отишол дома. Зошто да одам некаде? Излегува дека не веруваат, и ти отец не веруваш.
Тоа беше една од најдобрите проповеди, кои некогаш сум ги слушнал. И сега ви велам, браќа и сестри: вие не верувате дека Христос е тука. Вие не верувате дека Тој е во вас, и не верувате дека Тој е во вашите ближни, – зашто во спротивно никогаш не би се однесувале така, како што се однесувате сега. Така што, вие, а не некои луѓе од улица, се одрекувате од Христос. Со самиот свој живот вие си велите еден на друг и на сите луѓе: Тој не постои. Тој рекол: кој ќе се одрече од Мене пред другите луѓе, од него ќе се одречам и Јас пред Мојот Отец Небесен (Мт. 10, 33). Зар не ни гори земјата под нозете? Кога ќе се промениме? Што чекате, гром од небото?.. Еднаш ја кажав таа фраза на проповед, и одненадеж гром навистина удри во црквата – и до сега, никој од тие што тогаш беа во храмот, не го заборавија тоа што го зборував. Штета, што не можам барем некогаш да го повторам тоа…“

Архимандрит Јоаким Пар (Извадок од кнгата: Беседи на Руската земја)

 

Извор: Преспанско- пелагониска епархија