Проф. д-р Ратомир Грозданоски
СВЕТИТЕ БРАЌА КИРИЛ И МЕТОДИЈ

   

1150 години од Моравската мисија на светите браќа Кирил и Методиј

  sv.kiril.Metodij.MG.jpg

 

(863-2013)
Светите Кирил и Методиј во Прବвос¬¬¬лавната црква се прославуваат како „свети рамноапостолни Кирил и Ме¬тодиј, учители словенски“.
Кои се свети Кирил и Методиј? – Тие се еден владика и еден калуѓер: Кирил бил монах, а Методиј епископ и архиепископ. И двајцата биле многу учени луѓе. Вброени се меѓу најучените во цела Византиска империја.

sv.kiril.Metodij.MG.jpg


Нивното потекло било од Макединија. Тие го познавале својот народ и мајчиниот јазик. Затоа, на тој јазик го создале и првото писмо, азбуката и ги поставиле правилата за пишување.
Зошто создале азбука и писмо? Браќата го напра¬ви¬ле тоа, со мисла за подобро да ја исполнат својата желба – а нивната желба била да Му служат на Бога, пропове¬дајќи го Неговото спасително учење меѓу својот народ и тоа, на разбирлив наро¬ден јазик и писмо. Само така може да се објасни и да се сфати делото што го правеле овие свети мажи.
И прво нешто што напишале со новите букви било Евангелието. Тие го превеле Светото писмо на мајчин јазик – на старомакедонскиот словенски јазик со маке¬дон¬ско наречје. А по Библијата, ги превеле и богослужбените книги, за да воведат богослужби на словенски јазик и да го зајакнуваат народниот дух на словенскиот род. Кон тоа можел да ги повле¬че само патриотизмот, како родољубиви Словени. Дека, пак, светите Кирил и Методиј својата родна зем¬ја Македонија ја чув¬ству¬вале како своја татковина, а Македoците за свој род, говорат и текстовите од Службата на свети Методиј, во која се вели дека „ос¬та¬ви род и татковина“ и замина да живее со „светите отци“.
Константин или со монашкото име Кирил, поради големата ученост бил наречен фи¬лзоф, а станал и учител во тогаш најпознатата Магнаурска школа во Цариград, а царицата кај него го дала на школување царскиот син.
Тој високо се издигнал и во бого¬му¬дрието. Затоа бил назначен и за библиотекар на Патријаршијата во Цариград, што подразбира харто¬фи¬лакс, односно доверлив секретар на патријархот, со големи права и овлас¬ту¬ва¬ња. Што би значело, уста и рака на патријархот. Знаел многу јазици: грчки, латински, словенски, еврејски, самарјански и други.
Застанал во одбрана на иконите и бил против иконо¬борците.

Кога требало да се брани христијанството и од другите вери, во земјите близу до Византија, и таму биле испраќани светите браќа Кирил и Методиј. Нивната прва верска и политичка мисија била кај Хазарите, ко¬ја ја завршиле успешно и се вратиле триумфално во Цариград.

sv.kiril.Metodij.MG.jpg


Таму, на островот Крим, свети Кирил и Методиј ги пронашле моштите на свети Климент Римски папа и ги зеле со себеси. Свети Климент Римски бил уче¬ник на свети апостол Петар и рим¬ски епис¬коп, кој умрел во прогонство на Крим, каде бил фр¬лен в море, со котва околу вратот. Не¬говите мошти, на чуден начин Бог им ги открил на светите браќа, кога се почув¬ствувал мирис на „големо благоухание – како од многу кан¬дила, и потоа се појавиле светите мошти.“ Тогаш свети Кирил напишал поетска творба со која го опеал свети Климента.
И на Кримјаните им станал мил кога им кажал дека во Библијата е запишано нивното име и дипломатски ги придобил луѓето.
Претходно, свети Кирил имал и уште една мисија кај Сарацените и ја завршиле со успех.
Од секаде, како се враќале, си оделе в ма¬настир, каде што  главна работа им била: „да се молат на  Бога, беседејќи само со кни¬гите“.
Се смета дека заедно со нив во манастирот бил и свети Климент и таму ја започнале подготовката за третата и најважна мисија меѓу Словените.
Тогаш, Моравскиот кнез Ростислав, побарал од Византија мисионери кои ќе го шират зборот Божји и ќе бо¬го¬слу¬жат на словенски јазик, бидејќи проповедниците од Запад им служеле на латински јазик, а проповедале на гер¬мански.
Во писмото се вели: „Кај нас се дојдени мнозина учители, христијани од Италија, од Грција и од Германија, кои нè учат различно… За нашите луѓе, кои се откажаа од паганството и го примија хрис¬ти¬јанството, потребен ни е таков учител, кој ќе им ја објасни вистинската христијанска ве¬ра на наш јазик, па и другите земји кога ќе го видат тоа, да постапат како нас. За¬тоа, господару, испрати ни таков епископ и учител…“
Ростослав, всушност, сакал неза¬висноста на својата држава да ја осигура преку формирањето на независна црк¬ва во Моравија и затоа правел сè да дојде до формирање на словенска на¬род¬на црква. Мудро сакал мечот да го замени со крст, па затоа побарал во својата земја да доведе мисионери од словенски род кои ќе му проповедаат на народот Евангелие на мајчин јазик. Со тоа би ја остварил замислата за независна моравска држава и самостојна народна црква.
Веројатно тој чул дека Христовата вера веќе се проповеда меѓу Македонските Словени на свој јазик. Имал некои известија за тоа дека не¬каде на југ, меѓу Словените бого¬служ¬бата или барем дел од неа, се врши на словенски јазик и се проповеда на јазикот на народот. Убеден бил дека Цариград  има уче¬ни луѓе кои зборуваат словенски јазик и затоа такви побарал оттаму.
Византискиот цар и цариградскиот патријарх со радост ја при¬фа¬ти¬ле молбата и веднаш ги определиле браќата Кирил и Ме¬то¬диј за мисионери во Моравија.

sv.kiril.Metodij.MG.jpg
По една година, во 863 Господово лето, свети Кирил и Мето¬диј веќе тргнале за Моравија, а претходно, ги превеле потребните книги и одбра¬ле соработници и ученици. Тие отишле кај Моравските Сло¬вени (денешните Чеси и Словаци), во Панонија, кај Панон¬ските Словени и кај (најзападните Словени – Словенците или Словинците).
Што направиле во Моравија? Во беседите, и во бо¬гослужбата го вовеле словенскиот говорен јазик. Тоа претставувало голема радост за Моравските Сло-вени и вис¬тин¬ско доближување на Христа и Неговата наука до душите на луѓето. Пос¬тапно, се ширела употребата на словенскиот јазик, освен во црковната ¬служба и во проповедта, и во учител¬ството и во просветата. Народот го за¬са¬кал тоа и со љубов ги слушал бого¬службите, пр¬по¬ведниците и учителите. Набргу, црквите на латинското царство почнале да се праз¬нат, а црквите на сло¬венските мисионери да се полнат со луѓе жедни да го слушнат богослу¬же¬ни¬ето и поуката на свој словенски разбирлив ја¬зик.
Свети Ки¬рил и Ме¬то¬диј гледале, што е можно повеќе, да подготват луѓе учени за учители и за свеш¬¬те¬нослужители од тамошното насе¬ление, бидејќи знаеле дека без тоа, словенскиот ја¬зик и словенското писмо брзо ќе исчезнат. Тие сакале да создадат трајни ус¬ло¬ви за своето дело – за да се задржи словенската пис¬ме¬ност во Божјите храмови и да се формира Сло¬венска  црква.
Браќата имале голем успех, но се зголемувала и зависта и злобата кон нив, па ги обвинувале дека се ере¬тици, затоа што бого¬служат на не¬свеш¬тен, варварски јазик, каков што го сметале сло¬вен¬ски¬от. Тие велеле дека Светото писмо – Божјото слово, хрис¬ти¬јанската вера и мо¬лит¬вите – бого¬служ¬бите, можат да се извршуваат само на три јазици: грчки, еврејски и латински, на јазиците на кои бил испишан тек¬с¬тот на Хрис¬товиот крст на Голгота. Ги обвинувале и дека се агенти на Цариг¬рад и најпосле, дека богослужеле во област, која не била под јурис¬дик¬ција на Цари-градската патријаршија, туку на Римската црква.
Појавата на Светото писмо и богослужението на новиот словенски јазик за нив станал необичен настан, бидејќи од почетокот на Црквата Христова, до свети Кирил и Методиј, Евангелието и христијан¬ство¬то се распространувало меѓу елинизираните и латинизираните на¬ро¬ди, за кои не бил потребен нов превод. Отпорот на тријазичниците, наречени Пила¬товци, се зго¬лемил особено по заос¬тру-вањето на односите меѓу Рим и Цариград.
Кон нив свети Кирил го пројавил целиот свој полемички дар и своето боговдахновено ос¬троумие, па, покажувајќи го и сето свое знаење и познавањето на хрис¬тијанството, прекрасно ги одбранил ортодоксните вистини. На тријазичниците, меѓу другото, им рекол: „Не врне ли дожд од Бога еднакво врз сите? А сонцето не грее ли исто така за сите? Зар не дишиме воздух сите еднакво? Па тогаш, како не се срамите да признаете само три јазика, а сите други народи сакате да бидат слепи и глупави?“ Со овие зборови свети Кирил јасно и убедливо ја докажал потре¬бата на секој народ да му се овозможи со Господа да раз¬го¬вара на својот јазик. „Кажете ми, дали Господа го сметате толку не¬моќен тоа да не може да го даде, или завидлив, па тоа да не го сака?“, им велел тој. А Господ рекол: „Одете и научете ги сите народи...“ (Матеј 28,19). Апостол Павле, пак, вели: „В црк¬ва повеќе сакам да кажам пет збора разбирливи, за да поучам и други, отколку илјадници зборови на непознат јазик“ (1. Кор. 14,19).
Со победата над тријазичниците, светите Кирил и Методиј ја заштитиле словенската мисија, го одбраниле словенското богослу¬же¬ние, словенската писменост и правото на секој народ да пишува и да Му се моли на Господа на својот мајчин јазик.
Трија¬зичништвото, всушност, било користено ка¬ко орудие за да не се создаде нова црква и самостоен цр¬ко¬вен живот на сло¬венски јазик.
Во мисијата, пак, на све¬тите браќа ќе им било многу полесно, доколку имале со нив и епископ. Тогаш ќе можеле да ракополагаат тамошни уч嬬¬ници за свештеници и на тој начин, ќе ги поставеле основите на словен¬ска¬та Црква, а потоа, заедно со тамошното свештенство полесно ќе се бореле со не¬при¬јателите. Но, епископ немале, туку само свештеномонаси. Сфаќајќи ја теш¬¬¬котијата во која се наоѓале, свети Кирил и Методиј отишле во Рим. А таму биле свечено пре¬че¬кани од новиот папа Адријан II и од римските граѓани, затоа што  ги носеле со себе и моштите на свети Климент Римски. Папата дури одобрил да се пос¬тави словенското Евангелие во олтарот на Катедралата „Свети Петар“.  А во црквата „Света Дева Марија“, која и денес постои под името Santa Maria Maggiore, била отслужена и света Литургија на словенски јазик.
Папата се сретнал со основачите на сло¬вен¬ската литургија, писменост и книжевност. Ги примил како светии, со голе¬ма почит, го одобрил и го благословил нивното дело и ги осветил словенските книги. Со тоа, тој го признал словенското писмо за све¬то и допуштил да се употребува на богослужбите.
Тој им го исполнил и барањето некои нивни ученици да бидат ракоположени, а свети Методиј бил хиротонисан за епископ. Најстариот од мисионерите станал владика. Но, таа радост ја следела и жалоста, затоа што во тоа време во Рим починал свети Кирил. Откако ја одржал пос¬лед¬ната служба за Божик, тој легнал в постела и по еден месец, се упокоул, на 14 февруари 869 лето Господово.  Погребан бил во ба¬зи¬ликата „Свети Климент Римски“, каде што и денес се наоѓа неговиот гроб. Таму, Македонската православна црква и држава оди катагодина на поклонение пред  светиот Учител.
По смртта на свети Кирил мисионерите се вратиле во Панонија. Папата Адријан го испратил свети Методија „за учител од Бога“ во сите сло¬венски области. Тој станал архиепископ на тие земји и во диецезата на неговата епар¬хија влегувале: Панонија, Словачка, Славонија, Моравија и дел од Хрват¬ска.
Ова е значаен историски и црковен факт во културата и во историјата на Словените – дека во западните словенски земји за првпат се основа народна словенска Црква.
Како благословен од папата и канонски киријарх на Панонско – морав¬ската архиепископија, архиепископот Методиј, прво си поставил за за¬да¬ча насекаде во Панонија да постави свештенослужители и учители и да во¬ве¬де богослужение на народен, мајчин, словенски јазик. Затоа, веднаш поч¬нал да подготвува ученици-клирици од тамошното население.
Како архиепископ Моравски и Панонски свети Методиј поминал 12-ет години. Во тоа време делото Божјо во Моравија растело и давало значајни плодови.
              Но, непријателите се побуниле и свети Ме¬то¬диј бил одведен в затвор, дури во најзападниот дел на Баварија, во градот Елван¬ген, са¬мо за да биде што подалеку од гра¬ни¬цата на својата ди¬ецеза. Затворот почнал од есента 870, па до по¬ч嬬токот на 874 го¬дина.
              На 6 април 885 година и свети Методиј се упокоил, оставајќи во Мо¬равија околу 200 свои ученици: свештеници, ѓакони и ипоѓакони.
На крајот од житието на свети Методиј се вели: „Почина на рацете од свештениците …“
И покрај сè, мисионер¬ско¬то дело успеало таму да опстои четвртина век.
Од светите Кирил и Методиј, сите Словени го примија Господа Исуса Христа на свој јазик и на сопствен начин. За¬тоа Бог и остана близок на словенската душа.
А што пишувале светите Кирил и Методиј и какво е нивното книжевно дело? Тоа се само црковни книги: Библија, Евангелие, Апос¬то¬л, Псалтир, Номоканон и „избра¬ни служби“, односно Молитвослов што ги содржи молитвите од Служебникот и Требникот. Со нивното дело старомакедонскиот словенски јазик стана првиот книжевен јазик на сите Словени.
Македонската православна црква на свети Кирил и Ме¬тодиј им посветила многу храмови низ Македонија и во странство, меѓу иселениците во Америка, Канада, Австралија и Европа.

  sv.kiril.Metodij.MG4.jpg

Фото: МИА