МИТРОПОЛИТ АНТОНИЈ ХРАПОВИЦКИ
ИЗБРАНИ ДЕЛА И СТАТИИ
 
 
 monah.krst.jpg



 

ЗА ПАСТИРОТ И ПАСТИРСТВОТО
 
 
ЗНАЧЕЊЕТО НА МОЛИТВАТА ЗА ПАСТИРСТВОТО
 
Практични совети за стекнувње  на молитвениот  дар: смирено гледање на себе
 
Што треба да прави младиот пастир за да не остане без дарот на вистинската христијанска молитва?
Пред се`, имајќи ја предвид наведената прилично висока оцена на нашиот клир  во врска со оваа особина на духовниот живот, пастирот – почетник не смее да гледа на постарите собраќа и на народот од висина, како што  тоа и е  својствено на самоуверената младост, и не  смее да смета дека е  религиозен реформатор на народот; повеќе треба да ја зацврсти во себе мислата дека на полето на молитвата е неук и дека заради успешното обавување на пастирското служење треба да се смета себе си за полош и понеискусен од сите – не да го возвиши животот до себе, туку себе си до нивоата на религиозниот живот на собраќата и најдобрите парохијани.
 
На ова укажуваме затоа што денес кај кандидатите за свештеници се забележува потполна неупатеност во законите на духовниот живот со учењето за молитвата и внатрешната борба која на христијанинот му е пропишана.
 Предавањата за пастирското богословие воопшто не ги разгледуваат овие предмети, а во моралното богословие ги допираат само патем, така што не оставаат никаков впечаток на слушателите.
Затоа е природно што од студентите на богословското средно училиште и факултетот може да се чујат најбесмислени размислувања за молитвата, како на пример, зборовите:
„Зошто човек да се моли кога нема соодветно внатрешно расположение?“
 
Очигледно е дека луѓето не го знаат дури ни тоа дека чувањето и разгорувањето на молитвеното расположение е плод на борба:
 без борбата со себе христијанинот никогаш нема да стекне дар за молитва, а ако некогаш и и го имал, ќе  го изгуби. Потполното несфаќање на молитвениот подвиг од стране на пастирот опишано е во Потапенковиот расказ "На вистинската служба", каде што неодамна ракоположен пастир-идеалеист, стоејќи пред престолот, "проткаен со самопочитување и уважување кон својот општествен подвиг", со двоумење ги чита зборовите на молитвата, наполно туѓи на неговото срце:
„никто же достоин от свјазавшихсја плотскими похотјами или страстјами приближатисја...“ („никој не е достоен од оние кои се врзани со телесните похоти и страсти да пријде“).
Оваа толку длабока исповед на христијанското срце на учениот академик му изгледала несфатлива, застарена формула. Во ваквата заблуда јунакот на настанот западнаал затоа што подготвувајќи се за служење на народот, никогаш не се принудувал себе си на главниот услов за ова служење – на стекнување на дарот на молитва.
 
 

Подготви. Мина Данаиловска

04.јануари лето Господово 2013
                                                           Извор:
http://www.svetosavlje.org/biblioteka/Bogoslovlje/MitropolitAntonijeHrapovicki/MitropolitAntonijeHrapovicki57.htm