sv.Aleksij.ch.Bozji.jpg
На денот на упокојувањето на Светиот Патријарх Алексеј II замироточи  иконата на св. Алексеј, човекот Божји, во едниот од храмовите во Екатеринбуршката епархија

06.12.2008 17:22
Извор: Life.ru / Седмица.Ru
ЕКАТЕРИНБУРГ.


На 5 декември, на денот на упокојувањето на Неговата светост Патријархот Московски и на сета Русија Алексеј II, за време на утринската служба во црквата во селото Устјанчики, замироточи  иконата на преподобниот Алексеј, човекот Божји. Капки од миро се појавиле на ореолот на светиот и потекле како солзи по ликот на преподобниот.
„Од иконата излегува силна и необична миризба, со каква може да мириса само миро, - раскажува настојникот на храмот Света Троица на Екатеринбуршката епархија, отец Алексеј. – Иконата на светиот Алексеј, човекот Божји, почнала да мироточи ден воочи смртта на Патријархот, предвестувајќи за ненадоместивата загуба. Отецот наш умре...“ 
Течењето на мирото низ образот го забележала една парохијанка. Забележувајќи како по иконата во вид на тенка струја се слева течност, таа се обидела да ги избрише капките, но „солзите“ повторно се појавиле. Таа веднаш го известила настојникот на црквата.
„Иконата на преподобниот Алексеј продолжува да мироточи до денешен ден, - вели отецот. – Кога плаче икона, таа навестува лоши настани. Така Господ предупредува за некоја голема несреќа, сакајќи да нè зацврсти во верата. Целиот православен свет,  жалат за неговата светост, Патријархот Алексеј.“

Превод: д-р Драган Михајловиќ