kupola.pantokrator.jpg


Живееме во GIGA-време. Време е на гигабајти, гигахерци... Сè е гигосано. И витосано. Витосани се голем број вистински животни вредности. Како, на пример, да седнеш во фотелја и да прочиташ нешто што мириса на вечност, нешто што мириса на свежината на Првиот ден од Создавањето. Нешто што зрачи со светлината на времето кога Светлината беше во светот.

Секојдневието ни нуди сè, освен она што единствено ни е потребно: страв од Бога, помешан со вера во Него, љубов кон Него, и надеж во Него.

Со ретки исклучоци.

Еден таков редок исклучок е Премин Портал. Веќе трета година овој Портал негува нешто што се нарекува православна духовна вредност. Со мала редакција (во одредени мигови редуцирана до ДООЕЛ), но со предадени соработници и постојани читатели, Премин Портал за сето ова време се трудеше да ја одржи својата мисија. Во тоа настојување, редакцијата и соработниците ги водеше верата во она што го прават, љубовта кон оние за коишто го прават тоа, и надежта дека тоа го прават како Христови ученици.

Благодарност до сите што го подржуваат Премин Портал, до сите оние што го читаат, и до сите оние што го сакаат. Ако му посакувате уште долго опстојување, тоа не е заслуга на Премин Портал. Тоа е доказ дека ја препознавте Светлината. 

Драган д-р Михајловиќ

Посети:{moshits}