sv.Filotej.Zervakos2
  ·
За календарот


Ниеден Вселенски, ниту Помесен Собор не го воведе новиот календар во Православната Црква.

           Воведен е од противканонскиот и беззаконски вселенски патријарх Мелетиј, имајќи го 33-тиот, највисок степен на масонската ложа,со шест противправославни архиепископи, со цел да се покаже презир кон Православната Црква и преданијата на Светите Апостоли и Светите Отци и согласност за регрутирање на модернисти, шизмато-еретици, паписти и лутеро-калвинистички протестанти.
           Новиот Грегоријански папски календар, кој папата Григориј прв го воведе во западната црква, се обиде да го воведе и во Православната Источна Црква. Православната црква, пак, не само што не го прифатила, туку и го анатемисала, на два Помесни Собори во Цариград.
          Официјалната Црква е должна да се ослободи од двете анатеми под кои потпаѓа. Едната е анатемата на Седмиот Вселенски Собор, која одредува: „оној што отфрла какво било писмено или усно предание – нека биде анатема“.
           Светиот Прв Вселенски Собор од 318 Богоносни Отци ни го предаде стариот календар.
           Новиот го предадоа папата Григориј и масонот Мелетиј Метаксакис. Официјалната Црква без проблем го прифатила,го презрела и го прекршила преданието на Првиот Вселенски Собор, затоа потпаднала под горната анатема на Седмиот Вселенски Собор и под следната анатема на истиот Собор: „сè што е спротивно на учењето и примерот на преславните Свети Отци со новини или нови учења, или што ќе се бидат после ова, анатема трипати“.
           Незаконски и противканонски од страна на патријархот Мелетиос Метаксакис, воведувањето на новиот папски календар е ново нешто (новаторија), која е против преданието на Светите Богоносни Отци. Втората анатема е од евангелистот  и Апостол Павле. „Ако некој ви го проповеда Евангелието поинаку од тоа што сте примиле, нека биде анатема."


 Старец Филотеј Зервакос

Избор од фб профил наВелико Православно Слово

 TViTer479

Друго:

Овој свет старец е интересен затоа што бил голем поборник за враќање на стариот календар, но сепак, не преминал од страната на старокалендарците. Бил свесен дека новиот календар е незаконски и неканонски воведен од страна на патријархот Мелетиј Метаксакис заедно со неколку архиереи кои имале неправославен менталитет, и не бил соборно прифатен од сите цркви. Но, од друга страна, пак, го гледал и фанатичниот однос на некои старокалендарци, кои ја заборавиле и погазиле најголемата заповед на љубовта, криејќи ја својата омраза, гнев и нетрпеливост зад ревноста за стариот календар. Тој останал и понатаму под омофорот на својот епископ, но служел по стариот календар и се борел за враќање на стариот календар во црквата, за конечно да се надминат поделбите и меѓусебно да се помират многуте закарани старокалендарски фракции со официјалната новокалендарска црква.“