Молк

                                                                             Лале

Ситно вее снегот
Патот го постила
Еве не уште малку на брегот,
Ги нема твоите стапала.

Тишина се удомува,
Во мисли наши носталгија
По звук на крила небесни –
Тоа го бараат твоите очи.

Молк, молчешкум приоѓа
Низ маса на луѓе се пробива
Татнежи испомешани наоѓа –
Но молкот ништо не го запира.

Исчекувањето сега не е тегоба,
Блаженствата,  на нив се надева
Слуга твој, кој од кај нас премина,
Одовде, од оваа долина.

Со молкот само една копрена
Заедно со плаштаница приоѓа
Незапирлива, силна молитва
Твојата глава ја оживува.

Врела од срца се подарени
Сите од твоите најмили
За попатнина до вечноста
Патека за тебе ќе се искова.

Запри ни  солзи Седржителу,
Испрати по снегулки утеха
Од рамења не испуштај Пазителу
Дух, душа, тело од прегратка.

Молк, молитва
Надеж, утеха
Ладовина во жестокоста
Смирување во вечноста.

Надежна Гулабице
За очите на патникот радоснице
Сама Ти запиши го
Во Книгата на Животот.             Амин    

 

 

Од богољубивата поезија „Манастирски води“ на сестринството од Слепченскиот Претеченски манастир

 

Друго:

3-ти април 2018 лето Господово

ПП