УНИ БАНКА

 

УНИ - Банка ќе донира 130.000 денари за доизградба на манастирот "Свето преображение" во Крушево, што ја почна нашата почината мегаѕвезда Тоше Проески. Управниот одбор на банката одлучи да донира 100.000 денари за довршување на изградбата на манастирот, а 30.000 денари беа собрани од страна на вработените.
 
- И годинава УНИ Банка ќе ја продолжи традицијата да донира на одредени институции и поедници се со цел да помогнеме и да дадеме придонес онаму каде што е најпотребно. Посебно добра соработка досега имаме со студентите и со младите - соопшти Стојан Кралчев, прв генерален директор на Банката.