vozdvizenie.jpg

" Ти Благодарам,Господе „
             (Последна проповед на о.Александар Шмеман)
 
            О.Александар Шмеман својата последна Божествена Литургија ја одслужил две и пол недели пред упокојување,на 23.11.1983г.
во параклисот на Богословската академија Св.Владимир.На крај на Литургијата ги повикал сите присутни заеднички да Му се
заблагодарат на Бога со зборови на СЕрадосно и потресно Литургијско/Богословско благодарење,кое следи во целина :
             .................................
       „ Секој кој е способен за благодарење,способен е за спас и вечна радост.
          Ти Благодарам Господе што ја прифати оваа Евхаристија,која се принесува на Светите Троица-Отецот,Синот и Духот Свети
       и која ги исполни срцата наши со„радост,мир и праведност во Светиот Дух„
          Ти Благодарам Господе што Себе ни се откри и ни дарува да предвкусиме од Царството Твое!
          Ти Благодарам Господе што не соедини едни со други во служењето на Тебе и на Твојата Света Црква!
          Ти Благодарам Господе што ни помогна да ги совладаме сите тешкотии,напетости,страсти и искушенија и што го обнови мирот,
       взаемна љубов и радост во учествување на заедничарењето на Светиот Дух!
          Ти Благодарам Господе за пратените ни страдања оти тие нас не очистуваат од себичноста и не подсетуваат на она што е
       Единствено Потребно :на ЦАРСТВОТО ТВОЕ !
          Ти Благодарам Господе што ни ја дарува оваа земја каде сме слободни да Те почитуваме како БОГА!
          Ти Благодарам Господе на оваа школа во која се прославува Името Божјо!
          Ти Благодарам Господе на нашите семејства,на мажите и жените и нарочно на дечињата кои не учат како да го прославуваме Твоето Свето име,
       во радост, движење и светиот жагор!
          Ти Благдарам Господе за Све и за Сва !
          Голем Си Господе и чудесни се делата Твои и нема зборови достојни да ги опеат чудесата Твои!
          Господе, добро ни е да бидеме овде !
           АМИН !

 

Подготви: Антоанета Левковска