Hristos.prekrasno69

Со дедо Наум низ Евангелието
Monika Nikolova
·
http://www.mpc.org.mk/pouka.asp...


Коментар на денешното евангелско четиво:


"Примерот со луѓето од земјата Гергесинска ни покажува дека ним им беа поважни свињите, т.е. страста сластољубие и поврзаната со неа страст – среброљубие, отколку Христос. А, тие страсти се оние што се нарекуваат погруби и преку кои демонот најнапред го напаѓа и го држи заробен секој човек. Што ли да речеме за посуптилната страст на умот, како што е демонската гордост, т.е. високото мислење за самите себе, односно суетата, преку која демонот нѐ држи заробени и преку која сериозно, дури на крај, нѐ напаѓа?

Суетата (славољубието, гордоста) е последната страст што треба да се преобрази пред да се премине од првиот степен на духовниот раст – очистување на срцето од страстите, на вториот – просветлувањето на умот. Само поради славољубието нашето срце останува затворено за умно-срдечната молитва, а умот непросветлен.
            Свињарите побегнаа од Христос. Тие не ги препознаа демоните во себе, и обземени од внатрешен демонски страв, како и од желба да се самооправдаат поради загубениот имот, ги уплашија со Богочовекот Исус Христос и другите жители слични на нив. „И ете, излезе целиот град да Го пресретне Исус и, кога Го видоа, Го замолија да си отиде од нивниот крај, зашто се беа уплашиле многу“ – за својот имот и за задоволувањето на своите страсти; се беа уплашиле за својата овоземна сигурност. Посебно ги уплаши исцелението на демоноопседнатиот. И, јасно е зошто: присуството на Човек којшто има слово со власт и сила ги распаметува славољубивите; како демоните, така и демоноопседнатите луѓе.

Тоа е тој „свињарски идентитет“, поради кој не Го примаме Христос и се откажуваме од христијанскиот идентитет."