Hristos.prekrasno34

Викарен Епископ Јаков Стобиски


"Затоа ви велам дека оној што не ја разбира Светата Литургија и ја релативизира на каков било начин, тој ниту ја разбира Црквата, ниту има претстава што направил Христос за него; за жал, токму во овие тешки услови за сите нас и се уверивме во тоа.
Држете се за Светата Литургија по секоја цена, бидејќи надвор од Светата Литургија нема познание на Бог, надвор од Светата Литургија нема Црква, надвор од Светата Литургија нема духовен живот, надвор од Светата Литургија нема светост, надвор од Светата Литургија не можеме да бидеме добри луѓе, надвор од Светата Литургија нема Воскресение, надвор од Светата Литургија нема Велигден, надвор од Светата Литургија нема живот, надвор од Светата Литургија, колку и да ве лаже некој, нема безбедна зона од болестите и од смртта.
Ви напишав непосредно пред Пасхалната ноќ да не се плаши срцето ваше – ние сме Христови, Христос е наш. Нашата иднина е светлината на Воскресението и Царството Небесно, но попат мораме да застанеме на својата лична голгота, да се распнеме, да умреме и да се погребаме со Оној Кој нѐ предупреди дека ќе имаме многу жалости во светот.
Единствено на крстот се учиме на последното совршенство, љубовта кон непријателите.
Затоа и ви напишав дека ќе се молам во вашите срца да остане само Невечерната светлина на Воскресението и љубовта, по тоа ќе нѐ познае овој свет дека сме Христови и дека Христос ја победи смртта и дека нема смрт.
Не грижете се и оставете ги нека зборуваат дека сме безумни и примитивни. Тоа не е ново карактеризирање на христијаните. Тоа е така бидејќи ние, едноставно, не се плашиме од смртта, зашто знаеме дека жив е нашиот Бог и ние живи ќе бидеме.
Светот не може, т.е не сака да ја прими таа вистина, и никогаш нема да ја прими, до крајот на векот. Но, ние сме должни со цврстината на нашата вера и со надежта во Воскресението да го љубиме овој свет и да се молиме за него на секоја Света Литургија, бидејќи Бог го создал, и да му ја објавуваме нашата радост додека Тој повторно не дојде."


Христос Воскресе!
Христос Воскресе!
Христос Воскресе!

 

Април 2023 лето Господово