3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

СЕДУМНАЕСЕТТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

„И кучињата јадат од трошките, што паѓаат од трпезата на нивните

господари"

(Матеј 15: 27)

ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

Гласот за појавата божествениот Учител и за Неговата возвишена наука брзо се раширил ииз пределите Палестински, па затоа огромен број на луѓе доаѓале од сите краишта со свои очи да Го видат Богочовекот, со свои уши да ги слушнат Неговите свети зборови и со свои очи да ги видат чудата кои Он ги правел. Меѓу огромните маси од луѓе кои Го следеле честопати биле и книжниците и фарисеите, чија единствена цел била да ги омаловажуваат Неговите зборови. Во една таква прилика, за да ги избегне фарисејските лицемерни сплеткарења, Господ Исус Христос заминал во краевите Тирски и Сидонски, во големите Феникиски градови, кои во тоа време цветале во својот незнабожечки раскош и сјај.

И ете, пред Христа застанала едиа жена Хананејка која гласно извикала: „Помилуј ме, Господи, Сине Давидов! Ќерками жестоко се мачи од бес". Откако Спасителот ништо не и одговорил, Неговите ученици Го молеле да ја отпушта, зашто таа почнала да вика по нив. Меѓутоа, Он рекол: „Јас сум пратен само при загубените овци на домот Израилев". Но, таа уште посилно викала: „Господи, помогни ми". Можеби неочекувано, Христос и рекол: „Не е добро да се земе лебот од децата и да се фрли на кучињата". А таа премудро на ова одговорила: „Да, Господи, но и кучињата јадат од трошките, што паѓаат од трпезата на нивните господари". Спасителот, восхитен одрвој одговор, и рекол на Хананејката: „О, жено, голема е твојата вера; нека ти биде по желбата твоја!". И тогаш нејзината ќерка оздравела.

Ѓаволот, кој ја мачел ќерката на Хананејката, и денес ги мачи луѓето во светот. Наместо мир, сее раздор и војни, а иаместо љубов - злоба, пакост и омраза. Тоа ѓаволско семе денес никиува на сите страни. Било на која страна да се завртиме, насекаде ќе здогледаме појави кои длабоко не загрижуваат.

3.angeli.so.truba

Нам Спасителот ни рекол: „Каде се двајца или тројца собрани во Мое име, таму сум и Јас посреде нив" (Матеј 18: 20). Но, меѓу двајца или тројца денес е тешко да се снајдеме, бидејќи ниту еден од нив денес не мисли на Спасителот, не ги слуша Неговите божествени зборови, туку секој бара трн во окото на својот брат и размислува како да го понизи. Во нашите домови денес се помалку свети светлината на Христовта наука. Денес разговараме за сите животни прашања, само за Христа не се зборува. Денес е тешко да се најдат двајца соседи кои живеат во слога и хармонија. Секојдневните вести изобилуваат со извештаи за меѓусебни убиства.

Настанот со жената Хананејка не принудува да направиме една паралела мегу тогашниот и денешниот свет и неговиот поредок. Иако феникиската земја била пребогата за тогашните прилики, сепак, таа била осудена на пропаст, заради морално - духовниот пад и заради непознавањето на вистинскиот Бог. И денес многу светски велесили, иако уживаат во своите земни наслади, сепак, се уништуваат во сопствената ерозија, само и единствено заради кризата во моралните принципи и нарушувањето на Божјите заповеди. Денес слободно можеме да потврдиме дека морално-духовниот пад е причина и за економската криза, но и за недостатокот на мир во секоја земја. Богатството и воената моќ никогаш не биле и нема да бидат гаранција за нашата благосостојба. Напротив, внатрешниот душевен мир и живеењето според Божјата волја и Неговите заповеди, се гаранција за нашиот напредок, како телесен, така и духовен.

Сеуште има луѓе со кои владеат ситни мисли, освети и омрази, а не Христовиот племенит дух на измирување и простување. Таквите луѓе не сакаат да разберат дека Христос дошол на земјава да створи еден нов човек, очистен од гревот, човек, кој ќе ги прегрне Неговите свети откриени вистини и кој на урнатините на извитоперената цивилизација, каква што била незнабожечката, ќе створи вистинска христијанска цивилизација, каде што човечноста и љубовта ќе ги заменат грубоста и насилството, каде што законот на милосрдноста ќе го замени законот на џунглата, каде што силата на духот ќе ја слави својата победа над грубата и безживотна материја.

3.angeli.so.truba

Според тоа, слободно можеме да заклучиме дека, сите несреќи кои се случуваат врз денешното човештво, дошле како неминовна последица, зашто тоа се оддалечило од Христа и од христијанските идеали.

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела. Но, лекот не е во заборавањето, туку лекот е во препородот на душата и приближувањето кон Христа. Неговото божествено учење е единствената котва на спасението, зашто тоа претставува кулминација на морланото совршенство и возвишеност.

Нека Господ Бог, нашиот Спасител, ја засили нашата вера, нека ја просвети нашата душа, нека се всели во нашите срца и нека ги осветли нашите животни патеки, за да можеме да одиме по Неговите стапки

04.10.2020.                         

    Свештеник

   Јане Илиев

3.angeli.so.truba

  Скопје,4ти октомври 2020 лето Господово-храм на св.вмч. Димитриј

 Преминпортал (к.т.)

Друго: