Бидејќи е така волјата Божја да со добрите дела го зауздуваме незнаењето на безумните луѓе.(I Пет. 2,15).

goran.svpavle11.jpgТешко е, браќа да спориме со безбожните; тешко да се разговара со безумните; тешко е да ги убедуваме озлобените. Безбожниот, безумниот и озлобениот тешко ќе го убедиш со зборови. По прво ќе ги убедиш со дела. Нека ги видат  вашите добри дела и пофалбите од Бога(I Пет.2, 12) . На оние кои сакаат да спорат со вас, направете добро дело и вие ќе го добиете спорот. Едно дело на милосрдие побрзо ќе го вразуми безумниот и ублажи ослабениот отколку многу часови разговори. Ако безбоштвото и безумието и злобата доаѓаат од незнаењето, тоа незнаење е како беснило кое најбрзо ќе се обузда со доброчинство. Ако ли ти со безбожниот спориш на неговиот бесен начин, со тоа го појачуваш бесот на безбоштвото. Ако ли со безумниот разговараш со исмејување, темнината на безумиет се зголемува. Ако ли злобниот мислиш да го убедиш со гнев, со тоа разгоруваш поголем оган на злоба. Кротко и благо дело е како вода во пожар. Сети се секогаш на светите Апостоли и на нивниот успешен начин на опходување со луѓето. Ако безбожникот те предизвикува, тоа не те предизвикува човек туку ѓаволот. Човекот по природа е побожен. Ако безумниот те нагрдува(измејува), тоа не те нагрдува човек туку ѓаволот. Човекот по пирода е умен. Ако озлобениот те гони, тоа не те гони човек туку ѓаволот. Човек по природа е благ. Ѓаволот не предизвикува на долги спорови и бесплодни разговори, а од доброто дело бега. Направи добро дело во името Христово, и ѓаволот ќе избега. И дури тогаш ќе имаш работа со луѓето, со прави луѓе: побожни, умни и благи. Но се што чиниш, чини во името  Господово.
Господе преблаги, помогни ни нам да чиниме добри дела и со добро да победуваме во името Твое. Тебе слава и благодарност во веки.  Амин.


Извор: Жита на светиите

Посети:{moshits}