Без маченичкиот етос е невозможно да се живее во Црквата и да се остане христијанин. Маченички етос е да ги љубиш непријателите. Мачеништво е да се молиш за оние што те погубуваат и те убиваат, и да велиш: „Господи, не примај им го ова за грев“. Многу луѓе пострадале и биле убиени, кој „праведно“, според човечката правда, а кој неправедно, но не се маченици.

Имаме можност да бидеме маченици Христови – во секоја минута, во секоја секунда од нашиот живот. Мачеништво е да се избориш со една лоша помисла, со помисла на завист, со блудна помисла. Секој од нас знае низ каква агонија поминува во својата духовна борба за да се избори само со една и единствена помисла за таа да не се спушти во срцето. Да се подвизуваш значи да бидеш маченик. Многу е лесно да се предадеш на наслада, но само мачениците имаат удел во Царството Небесно.

Ако велиме дека Го љубиме Христос, таа љубов мора да ја посведочиме на дело, а таа љубов секогаш е страдална љубов. Таа љубов секогаш се жртвува себеси и секогаш се принесува на жртва. Христијанската љубов нема ништо со сентименталната љубов на овој свет.

Викарен Епископ Јаков Стобиски

 

Избор од фб профил на

К. Вучковски