Беседа изговорена од свети Јован Шангајски, на денот на Светото Богојавление во Битола, во 1928 година

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух. Славејќи го Богојавлението, ние се сеќаваме дека Бог им се откри на луѓето како Троица и дека Исус им се јави како Христос. Каде се јави Христос? Каде го започна Своето дело? Дали појде во некој голем град и таму Се јави во Својата Слава? Или Се искачи на некоја висока планина, а масата од илјадници луѓе стоеше долу и Го гледаше како [да гледа] некое големо чудо? Не! Христос појде во пустината, на реката Јордан, каде Јован го крштеваше народот. Јован проповедаше покајание и ги повикуваше грешниците, во знак на тоа покајание, да се крстат во Јордан.

И еве, како грешник доаѓа и Христос, и моли да Се покрсти. Оној, во Кого немаше грев. Јован се исплаши: „Ти треба мене да ме крстиш“. „Остави сега – одговара Исус – оти така треба да ја исполниме секоја правда“. Адам преку гордоста погреши, сакајќи да се возвиси, да стане како Бог. А Христос дојде за да ја изврши правдата Божја, адамовиот грев на гордоста да го поправи со смирение. Адам сакаше да се возвиси пред Бога, а Бог се понизи пред човекот. Христос слезе во водата и прифати крштение од слугата Свој. Треперејќи, Јован ја положи својата рака врз својот Бог и Владика, а Христос смирено ја навали Својата глава пред Него. Ова Христово смирение го отвори небото. Тогаш небесата се отворија и се чу гласот на Бога Отецот: „Овој е Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја“. Овој е Синот Мој, Кој Себе Се понизи за да ја твори волјата Моја, вистинскиот Син Мој, Кој Се унизува за човекот да го возвиси. А Духот Свет се симна од небесата на Исуса, потврдувајќи ги зборовите на Отецот. Така, со смирение Исус ги отвори небесата и на луѓето им ја покажа тајната на троичноста на Божеството.

Но зошто Тој оваа тајна ја објави на вода, а не на некое друго место? Да се потсетиме само како Бог го створи светот. Кога Бог ги создаваше небото и земјата, „земјата беше безоблична и празна, а Духот Божји лебдеше над водата“. Потоа ги раздвои Бог земјата и водата, но така што водата сепак остана на секое место и е неопходна за сè створено [да постои].Човекот не може да живее без вода, ниту било кое друго животно; постои вода (влага) во воздухот; ако било каде земеме една грутка земја – и во неа има вода; и во каменот има вода, и макар што ни се чини дека таму ја нема, таа постои во него, и кога Бог ќе посака, може да ја ослободи од него, како што и направи во времето на Мојсеја. „Господова е земјата и она што ја исполнува вселената е сè што живее во неа, зашто Он ја основа врз морињата, и на реки ја утврди“ (Псалм 23,1-2). „Небесата одамна постојат, и земјата беше создадена од водата и преку водата преку Божјото слово“, пишува апостол Петар, „преку која тогашниот свет беше потопен со вода, и така беше уништен“ (2 Петар 3,5-6).

Кога човекот погреши, го навлече Божјиот гнев не само на себе, туку и на сета природа. Човекот е круна на Божјото творење; тој беше поставен за цар на природата. Но, кога царот стана непријател на Другиот Цар, тогаш и сето негово царство стана непријателско царство. Казната беше наменета не само за човекот, туку и за сè створено. „Оти знаеме дека сите созданија заедно со нас воздивнуваат и тажат досега“ (Римјаните 8,22). Но, „и тие ѝ се покорија на суетата не доброволно, туку по волјата на Оној, Кој ги покори“ (Римјаните 8,20) Токму затоа простувањето на вината и створеното го ослободи од робувањето на распадливоста. „Запалените небеса ќе се распаднат, а ние, очекуваме нови небеса и нова земја, каде суштествува праведноста“ (2 Петар 3,12-13).За да се овозможи оваа промена, за природата да се подготви за непропадливоста која ќе настапи после судниот ден, Христос дојде на водите Јордански.

Слегувајќи во Јордан, Христос не ги освети само водите Јордански, туку и сета водена природа, како што и Црквата воспева во своите химни: „Христос се јави, преку Јордан да ги освети водите“ (предпразничен тропар), „денес се осветува природата на водата“ (тропар при исходот на Јордан). А, бидејќи водата се наоѓа насекаде, тогаш, осветувајќи ја водата Христос освети сè што е створено, целата вселена. Христос ја подготви природата за и таа да ги почувствува добрите последици од жртвата која Тој дојде да ја принесе. Но, не е само тоа. Тој на водата ѝ подари моќ да ги измие [исчисти] човечките гревови. Јовановото крштевање било само знак на покајание. Христијанското крштевање е ново раѓање, простување на сите гревови. Преку водата Бог ги казни гревовите на првиот свет, уништувајќи го со вода во потопот.

Преку водата сега Бог ги спасува луѓето преку Тајната на Крштението.

На тој начин Христос на водите Јордански ја уништи главата на змијата, како што се пее во црковните химни, главата на онаа змија која ги излажа Адама и Ева, што сега е победена со праведноста на Исус: им откри на луѓето дека Бог е Троица – ја освети водата, а преку неа и сè што е створено го подготви за прифаќање на зборот на проштевањето и за непропадливоста. И тогаш, издржувајќи уште една борба со ѓаволот во пустината, Христос појде да ги подготвува луѓето за идното царство, започнувајќи ја Својата проповед со зборовите: „Покајте се, оти се приближи Царството небесно“ (Матеј 4,17), или, како што стои напишано во другото Евангелие: „Се исполнија времињата и се приближи царството Божјо: покајте се, и верувајте во Евангелието!“ (Марк 1,15).

До тогаш Јован Крстител проповедаше покајание, го подготвуваше патот на Господа. Сега Самиот Господ им вели на луѓето: „Покајте се!“ Тој глас е наменет не само на луѓето кои живееле во Христовото време, туку со тие зборови Христос се обрати кон сите луѓе во сите времиња и векови. И ние ги чувме тие зборови од Евангелието. И додека сè уште не стивнале богојавленските празнични химни, тие нè потсетуваат дека се приближува времето на покајание.

Да внимаваме! Тоа не се зборови на пророк или ангел, туку на Самиот Господ. Ќе се покаеме и преку постот, кој ни претстои [Велигденскиот пост], ќе се потрудиме да ги победиме нашите страсти и да добиеме простување на гревовите, за во идниот век да влеземе во непропадливото Царство кое ни го приготви Господ. Амин.

Извор:

http://pravoslavie.mk/jovan-sangajski-bogojavlenie/

Беседа изговорена од свети Јован Шангајски, на денот на Светото Богојавление во Битола, во 1928 година Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух. Славејќи го Богојавлението, ние се сеќаваме дека Бог им се откри на луѓето како Троица и дека Исус им се јави како Христос. Каде се јави Христос? Каде го започна Своето дело? Дали појде во некој голем град и таму Се јави во Својата Слава? Или Се искачи на некоја висока планина, а масата од илјадници луѓе стоеше долу и Го гледаше како [да гледа] некое големо чудо? Не! Христос појде во пустината, на реката Јордан, каде Јован го крштеваше народот. Јован проповедаше покајание и ги повикуваше грешниците, во знак на тоа покајание, да се крстат во Јордан. И еве, како грешник доаѓа и Христос, и моли да Се покрсти. Оној, во Кого немаше грев. Јован се исплаши: „Ти треба мене да ме крстиш“. „Остави сега – одговара Исус – оти така треба да ја исполниме секоја правда“. Адам преку гордоста погреши, сакајќи да се возвиси, да стане како Бог. А Христос дојде за да ја изврши правдата Божја, адамовиот грев на гордоста да го поправи со смирение. Адам сакаше да се возвиси пред Бога, а Бог се понизи пред човекот. Христос слезе во водата и прифати крштение од слугата Свој. Треперејќи, Јован ја положи својата рака врз својот Бог и Владика, а Христос смирено ја навали Својата глава пред Него. Ова Христово смирение го отвори небото. Тогаш небесата се отворија и се чу гласот на Бога Отецот: „Овој е Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја“. Овој е Синот Мој, Кој Себе Се понизи за да ја твори волјата Моја, вистинскиот Син Мој, Кој Се унизува за човекот да го возвиси. А Духот Свет се симна од небесата на Исуса, потврдувајќи ги зборовите на Отецот. Така, со смирение Исус ги отвори небесата и на луѓето им ја покажа тајната на троичноста на Божеството. Но зошто Тој оваа тајна ја објави на вода, а не на некое друго место? Да се потсетиме само како Бог го створи светот. Кога Бог ги создаваше небото и земјата, „земјата беше безоблична и празна, а Духот Божји лебдеше над водата“. Потоа ги раздвои Бог земјата и водата, но така што водата сепак остана на секое место и е неопходна за сè створено [да постои]. Човекот не може да живее без вода, ниту било кое друго животно; постои вода (влага) во воздухот; ако било каде земеме една грутка земја – и во неа има вода; и во каменот има вода, и макар што ни се чини дека таму ја нема, таа постои во него, и кога Бог ќе посака, може да ја ослободи од него, како што и направи во времето на Мојсеја. „Господова е земјата и она што ја исполнува вселената е сè што живее во неа, зашто Он ја основа врз морињата, и на реки ја утврди“ (Псалм 23,1-2). „Небесата одамна постојат, и земјата беше создадена од водата и преку водата преку Божјото слово“, пишува апостол Петар, „преку која тогашниот свет беше потопен со вода, и така беше уништен“ (2 Петар 3,5-6). Кога човекот погреши, го навлече Божјиот гнев не само на себе, туку и на сета природа. Човекот е круна на Божјото творење; тој беше поставен за цар на природата. Но, кога царот стана непријател на Другиот Цар, тогаш и сето негово царство стана непријателско царство. Казната беше наменета не само за човекот, туку и за сè створено. „Оти знаеме дека сите созданија заедно со нас воздивнуваат и тажат досега“ (Римјаните 8,22). Но, „и тие ѝ се покорија на суетата не доброволно, туку по волјата на Оној, Кој ги покори“ (Римјаните 8,20) Токму затоа простувањето на вината и створеното го ослободи од робувањето на распадливоста. „Запалените небеса ќе се распаднат, а ние, очекуваме нови небеса и нова земја, каде суштествува праведноста“ (2 Петар 3,12-13). За да се овозможи оваа промена, за природата да се подготви за непропадливоста која ќе настапи после судниот ден, Христос дојде на водите Јордански. Слегувајќи во Јордан, Христос не ги освети само водите Јордански, туку и сета водена природа, како што и Црквата воспева во своите химни: „Христос се јави, преку Јордан да ги освети водите“ (предпразничен тропар), „денес се осветува природата на водата“ (тропар при исходот на Јордан). А, бидејќи водата се наоѓа насекаде, тогаш, осветувајќи ја водата Христос освети сè што е створено, целата вселена. Христос ја подготви природата за и таа да ги почувствува добрите последици од жртвата која Тој дојде да ја принесе. Но, не е само тоа. Тој на водата ѝ подари моќ да ги измие [исчисти] човечките гревови. Јовановото крштевање било само знак на покајание. Христијанското крштевање е ново раѓање, простување на сите гревови. Преку водата Бог ги казни гревовите на првиот свет, уништувајќи го со вода во потопот. Преку водата сега Бог ги спасува луѓето преку Тајната на Крштението. На тој начин Христос на водите Јордански ја уништи главата на змијата, како што се пее во црковните химни, главата на онаа змија која ги излажа Адама и Ева, што сега е победена со праведноста на Исус: им откри на луѓето дека Бог е Троица – ја освети водата, а преку неа и сè што е створено го подготви за прифаќање на зборот на проштевањето и за непропадливоста. И тогаш, издржувајќи уште една борба со ѓаволот во пустината, Христос појде да ги подготвува луѓето за идното царство, започнувајќи ја Својата проповед со зборовите: „Покајте се, оти се приближи Царството небесно“ (Матеј 4,17), или, како што стои напишано во другото Евангелие: „Се исполнија времињата и се приближи царството Божјо: покајте се, и верувајте во Евангелието!“ (Марк 1,15). До тогаш Јован Крстител проповедаше покајание, го подготвуваше патот на Господа. Сега Самиот Господ им вели на луѓето: „Покајте се!“ Тој глас е наменет не само на луѓето кои живееле во Христовото време, туку со тие зборови Христос се обрати кон сите луѓе во сите времиња и векови. И ние ги чувме тие зборови од Евангелието. И додека сè уште не стивнале богојавленските празнични химни, тие нè потсетуваат дека се приближува времето на покајание. Да внимаваме! Тоа не се зборови на пророк или ангел, туку на Самиот Господ. Ќе се покаеме и преку постот, кој ни претстои [Велигденскиот пост], ќе се потрудиме да ги победиме нашите страсти и да добиеме простување на гревовите, за во идниот век да влеземе во непропадливото Царство кое ни го приготви Господ. Амин. 1 0
Извор: http://agapi.mk/jovan-sangajski-bogojavlenie/