takovski.jovan2.jpg


Одговара: Отец Јован Таковски

Катерина

Прашање: Ве молам, сакам да имам, да изберам не знам ни како да го поставам прашањето, духовен отец. Како да го направам тоа ако може да се каже и тоа правилно да не погрешам?  Ве молам ако може да ми одговорите зошто навистина имам потреба од духовн отец?

   Одговор:         Примарната и непосредна одговорност за спасението на секој православен верник ја има неговиот парохиски свештеник кој, по примерот на Добриот Пастир (Јован 10) води грижа за секоја овца од своето стадо. Проблемите настануваат кога тој не го следи примерот на Пастиреначалникот Христос, па својот возвишен позив го сфаќа и практикува наемнички, занаетчиски (види исто Јован 10). Тогаш неговата паства бара лек на друга страна, односно барат помош од поискусни, поопитни свштеници, свештеномонаси 'старци' на кои верникот им го доверува раководењето по патот на духовниот раст.

            Затоа на Катерина $ препорачувам да се обрати најнапред кај својот парохиски свештеник. Ако тој не е подготвен да го преземе нејзиното духовно раководење, дури тогаш да си побара поопитен духовен отец.