Застапување на Архангел Михаил  во време  на операција!


           Едно од многубројните чуда на Архангелот Михаил претставува и исцелувањето на момчето Василиј Карастирис, на чија операција присуствувал самиот Архистратиј.
 Играјќи се, Василиј паднал и сериозно ја повредил главата. Го донеле во болницата каде лекарите дале страшна дијагноза: слепило и потполна парализа на ногата и раката. Дежурниот лекар во болницата ги повикал родителите на несреќното дете кај себе во кабинетот и им рекол:
-Состојбата на детето е тешка. Неопходна е итна операција. но, ќе бидам отворен, надежта за успех е многу мала. Еден, два процента, не повеќе. Одлуката треба да се донесе брзо, додека уште постојат било какви шанси.
 На мајката ѝ се причинило дека земјата ја снемува под нејзините нозе. Таткото запрашал:
 -Докторе, зарем не постои некоја друга можност?
 -За жал, не.
               Не размислувајќи долго, таткото дал согласност за операција. Додека момчето го подготвувале за операција, како што тој самиот после раскажувал, кога му ги покриле очите темнината исчезнала, и пред него се појавила светлина: видел храм со високи ѕидови и фасада обложена со црвен камен. Од отворените врати на храмот излегувала заслепувачка светлина. Василиј се приближил кон вратите и... што видел! Прекрасен млад човек, осветлен со силна светлина, испружил рака кон него и го повикал:
              -Дојди тука, Василиј! Не плаши се, ќе оздравиш. Јас ќе ја водам раката на лекарот и операцијата ќе биде успешна.
              Момчето отишло кај младиот човек кој го повикал, паднало на колена, ги гушнал неговите нозе и ја наведнал повредената глава кон неговата лева нога. Младиот човек ја испружил раката и нежно го помилувал момчето. Пред да го снема видението, момчето успеало да забележи во длабочината на храмот темна икона со сребрена рамка.
            Операцијата завршила успешно. Видот и подвижноста во потполност се повратиле. Тоа се случило на 21. ноември, на празникот на светиот Архангел Михаил. Успехот на операцијата лекарите го сметале за вистинско чудо.
              Поминале години. Семејството на Василиј, постојано го барале оној којшто го вратил здравјето на нивниот син, додека еден прекрасен ден во една телевизиска емисија, Василиј, губејќи ја веќе секоја надеж, не го препознал храмот од неговото видение. Со многу поклоници тој дошол на Мандамадос и го посетил храмот на светиот Архистратиг Михаил, принесувајќи му искрени солзи на благодарност за спасениот живот.➕

 

Избор од фб профил на Свети Марко Ефески