sv.Marija.Magdalena.jpg

Света Марија Магдалина

Мироносица рамноапостолна. Родум од местото Магдала крај Генисаретското Езеро, од племето Исахарово. Претходно мачена од седум зли дуохви, од кои ја ослободи Господ Исус и ја направи здрава. Верна следбеничка и служителка на Господ за време на Неговиот земен живот. Стоеше под Крстот на Голгота заедно со Пресвета Богородица и тагуваше горко. По смртта на Господ трипати го посети Неговиот гроб. Кога Господ воскресна, Го виде двапати: еднаш додека беше сама, а вторпат заедно со останатите жени Мироносици. Патуваше во Рим, излезе пред кесарот Тибериј и предавајќи му црвено обоено јајце го поздрави со зборовите: „Христос воскресна!“ Тогаш пред кесарот го обвини Пилат за неправедната осуда на Господ Исус.

3.angeli.so.truba

Кесарот го прими нејзиното обвинение и го премести Пилат од Палестина во Галија, каде што овој неправеден судија и заврши, во царска немилост и во тешка болест.

 Потоа од Рим се врати во Ефес кај Св. Јован Богослов, на кого му помагаше во делото на проповедањето на Евангелието. Со огромна љубов кон воскреснатиот Господ и со голема ревност му го јавуваше на светот Евангелието, како вистински Христов апостол.

Се упокои мирно во Ефес и според Преданието погребана е во истата пештера во којашто беа чудотворно успиени во стогодишен сон Седумте отроци, после оживеани, па повторно умрени (под 4 август). Моштите на Света Марија Магдалина подоцна се пренесени во Цариград. Во близина на Гетсиманската градина се наоѓа прекрасен руски храм којшто ѝ е посветен на оваа светителка.

 3.angeli.so.truba

Недалеку од Гетсиманската градина на Елонската Гора во Ерусалим се наоѓа манастир посветен на света Марија Магдалена. Изграден е со благослов на Архимандрит Антонин(Капустин). Царот Александар III и неговите браќа купиле место во Ерусалим за изградба на храм и бил изграден овој манастир во спомен на нивната мајка, православната Руска царица Марија Александровна, која предходно била католикиња, германка по потекло, а со крштевањето во православната вера го добила името Марија по Света Марија Магдалина. Црквата е осветена на 1 октомври 1888 год. А во 1934 год. во манастирот се формира монашко сестринство. Обителта ја формирале две Англичанки кои го примиле православието :Монахиња Марија(Barbara Robinson) и монахиња Марта (Alisa Sprott).

 3.angeli.so.truba

Раката на Св.Марија Магдалена

Големо чудо кое и ден денес може да го почувствуваат оние кои ке се удостојат да отидат на Света Гора во манастирот Симонопетра каде што се чува левата рака на св.Марија Магдалена и при поклонение и целивање на оваа светиња , поклониците чувствуваат дека раката е постојано топла.

 

3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

 Athos. Simonopetra. The Desert of St. Mary Magdalene (the hand that touched Christ).

3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

 

 Извор:МПЦ-ОА/Православие.мк

 

 

Друго:

 

Отец Гаврил

Житие: Света Марија Магдалeна

БЛАГОВЕСНИК НА ВОСКРЕСЕНИЕТО

~+~

Едни од вас Бог постави во Црквата прво апостоли, второ пророци, трето учители; потоа даде дарби за чудеса и исцелување; па застапници, управници и луѓе што зборуваат на разни јазици. (1 Кор. 12, 28)

Блажената Марија Магдалена го добила дарот на рамноапостолна, бидејќи со својот подвиг се вподобила на апостолите и станала проповедник на Евангелието. Наречена е рамноапостолна, иако апостолството како свештенодејство во Црквата е дар за мажите, но нејзиното име се спомнува во Светото Писмо дури и повеќепати од некои од апостолите.

Тоа дека во Христос нема ни машки пол, ни женски, туку сите се едно пред Него[1], а сè зависи од нашиот личносен однос кон Него, го сведочи и рамноапостолната Марија Магдалена. Зашто, можеби, во диптихот на Православната Црква не се среќаваат многу жени, но тие што се прославени достигнале толку голема светост и слава што дури предничат и пред мажите. Според зборовите на свети Јован Златоуст: „Жените се способни за големи подвизи, дури и за поголеми од оние на мажите“. Една од нив е светата мироносица Марија Магдалена.

Иако нејзиното почитување е многу големо, за неа нема многу податоци. Некои ја мешаат со жената блудница, во куќата на Симон, која со солзи ги измила нозете Христови и со миро Му ја помазала главата[2]. Некои сметаат дека е Марија, сестрата на воскреснатиот Лазар од Витанија[3]. Меѓутоа, мироносицата Марија не е ниту една од нив. Се работи за три различни личности и меѓу нив нема никаква поврзаност.

Во Светото Писмо се спомнуваат неколку Марии... undefined">undefinedжитие-света-марија-магдалeна/…