3.angeli.so.truba

Полагањето на ризата на Пресвета Богородица
во Влахернската црква во Цариград

Во времето на царот Лав Велики (458 г. – 471 г.), на царицата Верина и патријархот Генадиј, патуваа по Светата Земја двајцата цариградски благородници Галвиј и Кандид, заради поклонение на тамошните светости. Во Назарет отседнаа во куќата на една вдовица Еврејка, којашто во тајна одаја ја чуваше ризата на Пресвета Богородица. Многумина болни и неволни добиваа исцеление за своите маки со молитва и со допирот на таа риза.

Галвиј и Кандид ја зедоа Светата риза и ја пренесоа во Цариград, а тоа им го објавија на царот и на патријархот. Во царскиот град тоа предизвика голема радост. Ризата беше свечено пренесена и положена во црквата Влахерна. (Оваа црква ја соѕидаа царот Маркијан и царицата Пулхерија на брегот на еден залив, наречен Влахернски, според името на некој скитски војвода Влахерн, којшто на ова место беше убиен). Овој празник е востановен во спомен на полагањето на ризата на Пресвета Богородица во Влахернската црква.

Чуда

Многу чуда се случија во врска со ризата на Пресвета Богородица. Во неколку наврати, целиот град беше изложен на големи опасности поради опсадите: Аварите во 626 година, Персијците во 677, Арапите во 717 година, но тој секогаш беше спасен со  благословот што го доби со чувањето на доверената му  светиња , личниот имот на Богородица. Еден настан привлекува посебно внимание, затоа што е поврзан  со подоцнежното крштевање на рускиот народ.

На 18 јуни 860 година, руската флота на принцот Асколд, со над 200 бродови, беше на брегот на Црното Море во близина на Босфор, полека упловувајќи во Златниот рог, загрозувајќи го  Цариград. Руските бродови биле толку блиску што можеле да ги видат градските sидини, истовремено  растоварувајќи ја пешадијата на брегот. Царот Михаил III (840-867) ги прекина своите походи против Арапите и се врати во Цариград. Тој ја поминува целата ноќ во молитва на колена на камениот  подот од  храмот Влахерна, додека патријархот Фотиј го повикуваше  народот на  плач  и покајание, непрестајно  молејќи ја Мајката Божја  да помогне и да го спаси градот од инвазијата на паганските Руси. Опасноста се зголемуваше секој час, а градот беше беспомошен. Во вакви околности, донесена е одлука да се спасат Црковните светињи, особено ризата на Пресвета Богородица, која се наоѓаше тука, во Влахернската црква.

По сеноќното  бдение, ризата на Пресвета Богородица ја  носат  во литија околу градските sидини, нејзиниот крај го натопуваат во водата на Босфоро, и се враќаат во центарот на градот каде се наоѓа црквата Света Софија. Мајката Божја ги услиши  нивните молитви, го заштити градот со гаснење на гневот на руските воини. Се заклучи чесен мир, а принцот Асколд ја прекина  опсадата на градот. На 25 јуни руската армија започна да се повлекува, земајќи ја со неа  договорената сума пари , како компензација.

Една недела подоцна, на 2 јули, во истиот ден кога беше положена  во црквата Влахерна за прв пат пред 402 година, чудесната риза на Мајката Божја беше вратена на своето место во ризницата на црквата  Влахерна. Затоа Патријархот Фотиј го востанови  празникот Полаѓање на ризата  на Пресвета Богородица и одреди да  се празува  на 2 јули. 

 

 

 

 

 

Друго: