Игумен Герман

Авторот на Молитвите кон Пресвета Богородица за секој ден од седмицата бил голем богоносен Старец на Руската Црква за време на деветнасетитот век и зазема мошне важно место во напливот со духовната ренесанса поттикнато од светитот Старец Пајсиј Величковски,  чии што ученици го достигнаа најизобилното цутење  на  светоста знаена во Русија. Блажениот Старец Нил во историјата е познат како возобновител на скитскиот начин на живот на големиот Старец, Почитуваниот Нил Сорски, кој беше првиот кој на рускиот народ му ги донесе Правилата на скитскиот живот од Света Гора. Иако вториот Нил не успеа да ја достигне поранешната слава на скитот на светитот Нил, сепак неговата северна мочуришна дивина секако принесе изобилен плод во светот: мноштво непознати служители на Бога кои живееа на преминот на изчезнувањето на Света Русија од светската сцена,  налик  на блескаво зајдсонце со неговата игра на светлината на небото токму пред потполното замирање.

Блажениот Нил уште од своето детство беше надоен со духовноста од учениците на Пајсиј, кој ја посетуваше куќата на татко му и помина долги години работејќи заедно на возбновувањето на скитот на Светиот Нил заедно со Старецот Тимон, кој живееше под духовно раководство на Свети Серафим Саровски. Овие двајца велики служители Божји беа зраци на божествената благодат кои го образуваа идниот посредник на руската земја и задобивател на светителството.

Идниот иеромонах Нил (Прикхудалов) беше роден на 21 Ноември 1801 во големо семејство во село во Валдимирската околија. Татко му се допишувал со великиот Старец Пајсиј кој сметал дека тој исполнет со вера ги разбира учењата за духовноста и му ги пратил оние писма во кои се обработувале прашања од религиозно – духовен карактер. Кога младиот Никола (идниот Отец Нил) го напуштил светот, тој пристапил во соседниот Флориски Манастир, а потоа се преселил во манастирот Кривосерск на Волга и оттаму беше назначен за игумен на Манстирот Свети Кирил на Белото езеро. Таму пак, беше назначен на должноста на возобновување на на Скитот на Свети Нил Сорски, каде што имаше да го помине поголемиот дел од животот. Тој поднесе многу тешкотии и го издигна скитот на Почитуваниот Нил на завидувано ниво, за што светитителот му заблагодари и го благослови во визија.

Во возобновувањето на срушените скитски Цркви нему мошне му помагаше Кнегињата Ана Орлова (која скришум беше монахиња), и чијшто духовен водач беше огнениот бранител на чистотата на Светото Православие (до ден денешен сеуште невосфален), Архимандритот Фотиј од Јуриевскиот Манастир.Овој прозорлив аскет премина во историјата како вистински исповедник кој се бореше со непријателите на Православната Црква: протестантите, масоните и "екуменистите" во тоа време - Библиско друштво.

Отец Нил беше добар иконописец во традиционален стил и мошне талентиран составувач на молитви и химнословија.
Помеѓу жителите на неговиот манастир имаше некои навистина свети луѓе како што се: браќата Сергеј и Теофан и монасите Илија и Никола. Но, најзабележителен беше смирениот почетник, сакатиот расофорен монах Јован, кој имаше дар на прозорливост и дури одеше на вода.

Старецот Нил исто така поседуваше дар на прозорливост и пред смртта, додека живееше во осама, и беше сместен во изворната келија на Славениот Нил, повеќе пати беше доживеал виденија на невидливиот духовен свет. Тој беше голем испосник и молитвеник. По неговато праведно и мирно упокојување на 19 Јули 1870 година, О. Нил му се јави на еден од неговите монаси и му рече: "Не тагувај за мене Отец Симеон, затоа што јас задобив милост од Бога". Игуменијата на Горно – Воскресенскиот Манастир,  Маврила по својата смрт и се јави на една од сестрите и ја посоветува да им  објави и на другите сестри дека таа сега се наоѓа во благословено живеалиште, подготвено од Старецот Иеромонахот Нил. Имаше исцелувања на неговиот гроб, како на оние на великите канонизирани светители.


Подготви: Маја Белева

Посети: {moshits}