Во Рим, во една од библиотеките, пронајден е еден неспорно автентичен ракопис, од голема историска вредност.
Тоа е писмото, кое Публиј Лентул, управникот на Јудејците пред Понтиј Пилат, му го напишал на владетелот на Рим, Цезарот. Во него му раскажува за Исус Христос. Писмото е на латински јазик и е напишано во годините, кога Исус за првпат почнал да проповеда во народот.

 

 

Содржината на писмото:


Од управникот на Јудејците, Публиј Лентул, до римскиот Цезар. Слушнав, о Цезаре, дека сакаш да знаеш за добродетелниот Маж, наречен Исус Христос, на кого народот гледа како на Пророк, како на Бог, за кого Неговите ученици велат дека е Син Божји, Син на Создателот на Небото и Земјата.

Вистина, Цезаре, секојдневно слушам за тој Маж чудесни работи. Накратко: Тој им заповеда на мртвите да стануваат и ги лекува болните. Има висок раст, на поглед – добар е и благороден, што се одразува и во Неговото лице, така што, само што ќе Го видиш, неволно чувствуваш дека треба да Го сакаш и почитуваш. Неговата коса до ушите има боја на зрели ореви, а оттаму до плеќите свети светло-кафеава боја; на средината патец, по обичајот на назарејците. Челото мазно, лицето без брчки и светло. Неговата брада со бојата на косата, развеана и не толку долга, разделена на средината. Погледот строг и има сила на сончев зрак; никој нема сила упорно да гледа во нив.


Кога прекорува, Тој раѓа страв, но само што ќе прекори, Самиот Тој плаче. Иако е многу строг, Тој е и многу добар.
Велат дека никогаш не Го виделе да се смее, туку само неколку пати како плаче. Неговите раце се убави, одухотворени и впечатливи. Сиот негов говор го сметаат пријатен и привлечен. Ретко го гледаат меѓу луѓе, но кога се појавува, настапува смирено. Неговиот став, однос е многу благороден, убав.  
Притоа, Неговата Мајка е најубавата жена, која некогаш била видена во оваа област. Ако сакаш ти, Цезаре да го видиш, како што ми напиша еднаш за тоа, известиме, и веднаш ќе Го испратам кај тебе.  


Иако никогаш не се образовал, Тој ја има полнотата на знаењето; Оди бос со непокриена глава. Многумина му се потсмеваат кога Го гледаат оддалеку. Но штом се најдат во Негова близина, тие треперат и истовремено Му се восхитуваат. Велат дека во оваа област, никогаш претходно не виделе таков Човек. Евреите уверуваат дека никогаш не било чуено такво учење, какво што се јавува Неговото учење. Многу од нив велат дека Тој – е Бог,  а други велат дека ти е непријател, о Цезаре!

 

11 -ти  ноември, лето Господово 2016

На празникот на преп. мч-чка Анастасија Римјанка

Подготви:З.Д

 

Извор: http://www.diveevo.ru/2/0/1/4887/

 TVITer15

Друго:

ОТЕЦ АЛЕКСАНДАР МЕЊ - ЛИЧНОСТА НА ИСУС ХРИСТОС

Crkva.Zajdisonce.jpg

Митрополит Антониј Блум - ЗАКЛУЧОЦИ ОД ЖИВОТОТ

Metodij.k.dol.Veligden10.jpg

Митрополит Американско- канадски г. Методиј : БИДЕТЕ БУДНИ!

 

TVITer195

 3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

TVITer95

 TVITer102

 TVITer97

 

 Preminportal.com.mk

 TVITer176

 2016-11-12 07:41:26 лето Господово