250px-JustinPopovic

Отец Јустин (Поповиќ) роден е на денот на Благовештението на Пресвета Богородица ( 25. март, по стариот календар ) 1894 година во Врање, од побожни православни родители Спиридон и Анастасија ( Оваа побожна фамилија потекнува од Тетовско, од каде еден предок на о. Јустин пребегал во Врањско, носејќи ги во кошници своите деца).

Световното име Благоја го добил по празникот на кој се родил.

Како дете, авва Јустин со своите родители често одел кај светиот чудотворец отец Прохор во Пчинскиот манастир и таму се молел и присуствувал на светите богослужења. Еднаш бил личен сведок на чудесното исцелување на мајка му Анастасија од една тешка болест, со помош на светителската божествена сила. За длабоката побожност на својата мајка и самиот подоцна често зборувал, а од неговите белешки објавен е и потресниот запис за блаженото претставување на праведната ,,слугинка Божја Анастасија – Воскресница, мојата бесмртна дародавка‘‘.

Основно училиште Благоја завршил во Врање, за потоа, полагајќи го приемниот испит со највисока оценка, да се запиш во деветтокласната Богословија ,,Свети Сава‘‘ во Белград (1905-1914). Наставници му биле: светиот владика Николај Велимировиќ, Атанасије Поповиќ, Веселин Чајкановиќ, Борислав Лоренц, Стеван Мокрањац… Посебен печат на Благоевиот духовен и образовен развој извршил големиот учител свети владика Николај, кој посебно ја забележал и ценел неговата љубов према богословието и несомнената книжевна дарба.

Намерата на Благоје Поповиќ да прими монашки постриг по завршувањето на Богословијата (во јуни 1914 година), ја попречило спротивставувањето на родителите и нивната молба до Митрополитот Белградски Димитрије ( Павловиќ ) и Епископот Нишки да не го замонашуваат.

Веднаш по избивањето на Првата Светска војна Благоје Поповиќ е повикан в војска и како богослов е распореден во болничката чета при војната болница ,,Ќеле кула‘‘ во Ниш. Кон крајот на 1914. прележал пегав тифус и бил на краток отпус кај своите родители; од 8. Јануари 1915 повторно бил на должност болничар во Ниш, се до повлекувањето на српската војска према Косово и, потоа, преку Албанија. Сравотилакот на војната, бедата и патењето на измачените српски војници, сеќавањето на мачеништвото и жетта за охристовување, ја засилиле неговата, долго негувана, одлука да прими монашки завет.

Во православниот храм во градот Скадар, воочи свети Василиј Велики, 31. Декември 1915/ 1. Јануари 1916 година, архимандритот Венијамин ( Таушановиќ), потоа владика браничевски, ги постригол младиот богослов Благоја Поповиќ и Милан Ѓорѓевиќ, подоцнежен Епископ Далматински Иринеј.

Младиот монах го зел името на свети Јустин Маченик и Философ  големиот апологет во историјата на христијанската патристика и значаен христијански философ, чиј спомен исто така го празнуваме на денешен ден.

На предлог на Митрополитот Димитрије, подоцнежен Патријарх српски (1920-1930), српската влада во јануари 1916 испраќа група млади и даровити богослова меѓу кои и монахот Јустин, на Духовната Академија во Петроград.

Св. Јустин Поповиќ останал во Русија до јуни 1916 година, кога, после наговестувањата на болшевичката револуција и бурните случувања кои ќе следуваат, преминува во Англија, каде го прифатил Николај Велимировиќ, тогаш јеромонах, и го запишал на еден колеџ од Оксфордскиот универзитет. До 1919 годин отец Јустин ги завршил редовните студии по теологија, но диплома не добил, поради тоа што докторскиот труд ,,Философијата и религијата на Ф.М. Достоевски‘‘ не му бил прифатен.

Во завршното поглавје на дисертацијата младиот докторант изложил остра критика на западниот хуманизам и антропоцентризам, особено на оној во римокатолицизмот и протестантизмот. На англиските професори им било тешко да примат таква критика, па од него барале да ги ублажи и измени своите ставови. Јустин Поповиќ не се сложил со барањата на професорите, и така на почетокот на летото се вратил во Србија без оксфордска диплома.

Веќе во септември 1919 година, Светиот Архијерејски Синод на СПЦ го праќа Јустин на Теолошкиот факултет на Атинскиот универзитет, каде останал до мај 1921, повторно ги положил потребните испит и стекнал докторат по правословно богословие на тема св. Макариј Египетски.

Во меѓувреме, во мај 1920, ракоположен е за јероѓакон, веројатно при една од кратките престои во Србија.

По враќањето во татковината поставен е за суплент на богословијата ,,Свети Сава‘‘, која во тоа време била преместена од Белград во Сремски Карловци. Таму од октомври 1921 предавал прво Свето Писмо на Новиот Завет, а потоа и Догматика и Патрологија. Потполно предавајќи се на просветителската и поучителна работа, ширејќи ја православната светоотечка методологија и светосавската просвета и култура, тој внел плодотворни новини во образовно-воспитниот живот на богословијата, а со тоа ги потиснал схоластчките и протестантско-рационалистичките методи на настава.

На 7. Јануари 1922 година, на Соборот на свети Јован Крстител, во Сремски Карловци патријархот Димитрије го ракоположил јероѓаконот Јустин во јеромонах.

Професорите на Карловачката богословија во 1922 за почанале да го издаваат ,,Христијански живот ‘‘, часопис за христијанска култура и црковен живот, кој бил една од најдобрите периодики во Србија кои ја разработувале таа тематика. Првите 6 броеви ги уредил д-р Иринеј Ѓорѓрвиќ, подоцнежен Епископ далматински, а од седмиот број па до последниот број уредник на тоа списание бил Јустин Поповиќ, со кого работел и проф Велимир Арсиќ. Последните броеви од ,,Христијански живот‘‘ отец Јустин ги издал во Призрен 1927 година.

Јустин Поповиќ докторирал во 1926 година на атинскиот Теолошки факултет. Темата на неговата нова дисертација, како што спомнавме, била ,,Учењето на св. Макариј Египетски за тајната на човечката личност и тајната на нејзиното познание‘‘.

На Карловачката богословија го положил професорскиот испит во март 1927 година. Трудот кој по тој повод го одбранил се однесувал на православните аскетско-богословски проблематики и носел наслов: ,,Гносеологијата на св. Исак Сирин‘‘.

Непоколебливото евангелско и светоотечко определување на о. Јустин и неговата вистинољубивост и правдољубивост, како и критиката на одредени појави во тогашниот јавен и црковен живот во текстовите во списанието ,,Христијански живот‘‘, предизвикале жесток отпор кај некои друштвени и црковни кругови.

Во август 1927 о. Јустин е преместен (протеран) за професор на Призренската богословија. Ова преместување го имало за цел само згаснувањето на ‘‘Христијански живот‘‘. По згаснувањето на ова списание веќе во јуни 1928 година повторно е вратен во богословијата во Карловци.

Од Карловачката богословија по втор пат е протеран во 1930.

По одлука на Светиот Синод, донесена во првата половина на декември истата година, упатен е во православна мисија во Поткарпатска Русија во Чешка, како помошник на Епископот битолски Јосиф Цвијовиќ.

Во Чешка, каде останува една година, исклучително успешно го извршувал враќањето во отечката вера на насилно поунијатените православци. Тогаш му бил понуден архијерејски чин за Лукачевската епархија, но од смирение о. Јустин го одбил тоа достоинство.

По враќањето во Србија Јустин не бил веднаш вратен на наставничката работа. Дури во август 1932 е поставен за професор на Битолската богословија, каде работел две полни школски години. Во Битола ја напишал неговата прва книга ,,Православна догматика‘‘.

Уште во средината на дваесеттите години Јустин Поповиќ бил познат светоотечки богослов и вон границите на Српството. Така, уште во 1928. година православниот Митрополит полски и Варшавскиот универзитет во повеќе наврати му ја нуделе катедрата за догматско богословие на отсекот за православна теологија при овој универзитет. Од друга страна, големиот руски богослов Николај Глубоковски, кој во тоа време предавал на Софискиот универзитет, му пишувал на Патријархот Варнава да му овозможи на о. Јустин ,,да работи на православното богословие, применувајќи ги своите знаења, енергија и духовно искуство‘‘.

Дури во февруари 1934, Јустин Поповиќ е избран за доцент на Богословскиот Факултет во Белград. На должноста професор по Споредбено богословие стапил на 21. декември истата година, за да на 15. Јануари 1935 го одржи пристапното предавање под наслов ,,За суштината на православната аксиологијаи критериологија‘‘. Подоцна е избран за професор по догматика.

Во конкордатската борба 1937 отец Јустн бил недвосмислен и непопустлив браанителна независноста и самосуштината на Српската Православна Црква.

Архимандрит Поповиќ е еден од основачите на Српското философско друштво, основано по иницијатива на Бранислав Петрониевиќ во октомври 1938.

Треба да се спомене дека добро ги совладал и говорел повеќе стари и модерни јазици: старословенски, грчки, латински, романски, новогрчки, англиски, германски и француски.

Во меѓувоениот период текстовите на о. Јустин излегувале во повеќе од 20 списанија и други различни печатени гласила од Сремски Карловци, па се до Скопје, меѓу кои и следниве: “Раскрсница”, “Вера и живот”, “Народна одбрана”, “Духовна стража”, “Црква и живот”, “Весник Српске Цркве”, “Светосавље”, “Хришћанско дело”, “Пут”, “Богословље”, “Идеје”, “Хришћанска мисао”, “Пастирски глас”, “Преглед Епархије Жичке”, “Жички благовесник”… Исто така, бројни се и преводите на отец Јустин од светоотечките и современите православни мисли објавувани во меѓувоениот црковен печат (св. Макариј Велики, св. Исак Сирин, св. Јован Кронштатски…)

За време на Втората Светска војна отец Јустин ја делел судбината на својот народ и својата Црква: живеел по скиените српски манастири, преведувајќи патристички и хагиографски списи и бавејќи се си егзегезата на Новиот Завет. Учествувал во пишувањето на Меморандумот на Српската Црква за страдањата во злогласната НДХ. Бидејќи Универзитетот во Белград не работел за време на германската окупација, од 1942 се изведувале само испитите. Професорската комисија го избрала авва Јустин да ги изведува испитие, но германските власти долго време одбивале да му го одобрат тоа. Познати се неговите предавања за Светосавието во Белград во текот на 1944 година, одржани пред српската младина во поробена Србија. Некаде пред свети Сава во 1944, кога водачот на српското востание против германските окупатори и злотвори, усташите и комунистите, генералот на Југословенската кралска војска во татковината, Дргољуб Михајловиќ, го одржувал својот Сесрпски светосавски конгрес во селото Ба под Сувобор, Дражиниот Равногорски совет побарал од др Јустин Поповиќ, како најкомплементен српски теолог, да го даде своето писмено мислење за односите меѓу Црквата и државата, кои би се спровеле во новата српска држава после ослободувањето. Јустин напишал и доставил на Рамна Гора еден текст, кој претсставувал изразит православен, светоотечки поглед на односите помеѓу Црквата и државата.

По доаѓањето на новите комунистички власти во Југославија, 1945 година, Јустин е протеран од Белградскиот Универзитет ( заедно со уште 200 српски професори), а потоа е уапсен и затворен. Уапсен е во манастирот Суково крај Пирот и спроведен во белградскиот затвор, заедно со своето духовно чедо, јеромонахот Василиј Костиќ, кој подоцна како Владика Бањалучки, ќе биде прогонуван, а како Епископ Жички уште еднаш ќе појде во комунистички затвор. Од затворот о. Јустин и о. Василиј се спаселе благодарение на враќањето од прогонство на Српскиот Патријарх Гаврил Дожиќ (ноември 1946). За малку ќе бидел дури стрелан како ‘’народен непријател’’ . Проф. Јустин Поповиќ бил протеран од Белград, без пензија, лишен од човечки, верски и граѓански права. Ги менувал манастирете во кои престојувал (Калениќ, Овчар, Суково, Раваница), но ниедна обител не смеела да го задржи подолго време.

По промисла Божја, која не сакала да го овенчан авва Јустин со венец маченички, при една средба во Белград, пролетта 1948 година, тогашната игуманија светоќелиска, мудрата и одважна мати Сара, го повикала о. Јустин во женскиот манастир Ќелије крај Ваљево, каде тој практично живеел во куќен притвор од 27. Мај 1948, работејќи на своите списи и преводи, служејќи секојдневно Света Божествена Литургија, и како оддан духовник на монахињите и на целиот побожен свет, како учител и пример на бројните поколенија на православни богослови, како ,,скриена свест на целата Српска Православна Црква и народ’’ ( по зборовите на грчкиот теологи академик Јован Кармирис).

Непрекинато е следен, често испрашуван во Удба, ограничена му е слободата за движење и средби, но никогаш не бил оставен од ќелиското сестринство кое поради него страдало од богоборните комунистички власти.

Ретки биле списанијата по Втората Светска војна кои објавувале текстови на о. Јустин. Во периодот по 1945 објавени биле само четири текстови во татковината и тоа: еден во ,,Православен мисионар’’(1958), два во ,,Глас Православне Епархије Нишке’’(1968,1969) и четвртиот во ,,Православље’’(1969). На тоа може да се придодадат и двата текстови објавени во емиграгија, во ,,Амерички србобран’’(1969) во Питсбург, Америка и во ,,Календар Свечаник’’ во Минхен(1970).

Особено е запазена неговата духовна дејност и неговото живо и плодотворно општење со православните Руси и Грци. Руските духовници му биле исповедници, со руските бегалци се дружел доживотно, а грчкитепосетители ги дочекувал како гости од апостолските у светоотечките времиња и краеви. Како човек и духовник отец Јустин бил секогаш отворен, полн со љубов за секое човечко суштество, особено за вистински жедната , вистинска интелегенција, за младината и студентите. Има многу живи сведочења, дека неговата вера и огнена оданост кон Христа и Вистината, длабоката ученост и мудрост, проникливост и богоречитост извршиле пресудно влијание за определување на мнозина за монашки живот. Затоа и пред и после војната духовно одгледал и во епископска служба упатил десетина свои ученици, а во свештеничка служба и монашки подвиг стотина млади души.

На секое богослужење се молел со изобилие на солзи. Често за време на молитвите во црквата толку се расплакувал, дури и липал, што сите присутни во храмот го приметувале, макар што настојувал, да го прикрива дарот на солзите. На Света Литургија споменувал стотици имиња на живи и упокоени, кои му ги праќале од сите страни на светот. Со овие имиња често му праќале и пари, па тоа било еден од изворите за приход на манастирот Ќелија, а и за неговите лични трошоци, кои се трошеле главно на патувања и набавка на хартија за пишување на многубројните трудови, настанати во тој ќелиски период на животот и работата на овој неуморен Подвижник, Мислител, Богослов и Духовник.

Јустин никогаш не можел да биде вратен на Универзитетот, на својата катедра за Догматика, но кај него тајно доаѓале многу универзитетски професори, не само теолози, туку и од други факултети, особено лекари и психолози, а уште почесто од нив поети и книжевници на разговор или на советување. ( Еден од од нив, поетот и писател, адвокатот Милан Д. Милетиќ, ја објавил книшката со лични сведоштва за Светиот Авва Јустин, со карактеристичен наслов ,,Вљубен во Христа‘‘, Белград 2002). Особено му доаѓале студентите, кои се интересирале за своите лични проблеми, но и за општочовечките животни проблеми во современоста. Затоа имал и стекнувал се поголем број на ученици. Имал доста пријатели по Европа и Америка, кои тајно го снабдувале со најважната нова теолошка и философска литература, така да бил сосема упатен во тековите на современиот западен свет и посебно на западното христијанство. Не останал ни надвор од проблематиката на современиот екуменизам, па како плод на тоа негово интересирање настанала книгата ,,Православната Црква и екуменизмот‘‘ (излегла на српски и грчки, во Солун 1974; потоа на руски и романски).

Авва Јустин се упокоил во Господа на денот на своето раѓање, на Благовештение 1979.

Бил испратен од мноштво на свештеници и народ, Срби, Грци, Руси, Французи, бидејќи многу од нив, а посебно од светогорските монаси, бил уште за животот сметан за светец. До денес има повеќе од 10 икони со неговиот свет лик, во Србија, Грција, Франција, Америка. Светогорските монаси му напишале тропар, кондак и други делови од службата.

manastir-celije-sahrana-oca-justina


Неговиот гроб крај манастирската црква во Ќелије стана место за поклонение за многу побожни души ширум Балканот, Европа и Америка. Голем број на чуда, на неговиот гроб и по неговите свети молитви веќе се забележани.

Целокупниот оус на отец Јустин, опфаќа околу 40 томови, а од тоа до сега е објавено 30 тома на српски, на грчки 4, 7 на француски и 1 на англиски јазик.

Бројните теолошки трудови на авва Јустин, покрај догматиката и езегетиката, опфаќаат и делови од патристиката, аскетиката, литургиката, како и теми од христијанската философија, а посебно од антропологијата и на православието заснованата философска култура.

,,Човек и Богочовек‘‘, е наслов кој би можел да биде карактеристичаен и за целото негово богословие, бидејќи во тие две, или поточно и за Јустина поверно: во таа двоедина тема БОГО-ЧОВЕК опфатена е целата богословска мисла и животна философија, и повеќе од тоа: целата негова длабока и сложена личност во павловски и достоевски димензии. Тоа воедно е и сеживотната Јустинова мисија, мисијата на маченикот на човечките мисли и човечкото постоење, пророкот и благовесникот на ХХ век и на српскиот народ, а таа се состои во крсното, тажнорадосното, распето-воскресно сведочење за Бога и Човека, пресретнато и соединето, без слевање, смалување и губење, во Христа Богочовекот, вечниот Божествен Логос и Творец, но и Спасител и Осмислител на човекот и човечкиот род и на целиот свет.

Ќелискиот благовесникистакнувал, дека секој христијанин е должен со својот живот ,,и понатаму да го испишува Евангелието Христово‘‘. Според тој став и апостолската препорака, неговиот живот навистина бил едно ,,живо современо Христово Евангелие‘‘. Воопшто треба да се каже и нагласи, дека Преподобен Јустин Нови Ќелиски бил и останал ретка, светоотечка појава во изминатиот ХХ век, скриена совеср на Српската Православна Црква и на сето евангелско, апостолско-светоотечко Православие во светот. Тоа му го признавале уште за време на земниот живот, а по блаженото претставување неговиот углед и влијание се повеќе и повеќе растат, барем кај оние кои имаа очи да видат и уши да слушнат, како што вели Светото Евангелие.

Скривајќи го дарот на прозорливост, о. Јустин непогрешно подучувал, за што особено сведочи овој пример: кога авва Клеопа Илија го посетил во манастирот Ќелија, и побарал совет дали да остане на Света Гора Атонска, о. Јустин го посоветувал: ,,Оче, Клеопа, ако отидеш на Света Гора, ќе придодадеш уште еден цвет во Градината на Мајката Божја. Но, кому ќе му ги оставиш верните? Таму, Свети оче, се молиш само за себе. А во земјата се молиш сите и можеш да приведиш кон Бога многу луѓе лишени од подучители… Јас велам да останеш во земјата, Свети оче, да се спасиш и себе си и да го помогнеш спасението на другите. Тоа е најголемото добро на сегашните монаси. Особено сега, кога се бориме со безверието, со сектите, со религискиот индиферентизам!‘‘

15599
Свети авво Јустине, моли Го Бога за нас, грешните и недостојните!

Видео:

https://www.youtube.com/watch?v=zy4xbwo_qsw

 

Подготвил: Б. Ч.
житија, Преподобен Јустин Попови