Bogordica.Vatopetska.jpg

Ватопедска чудотворна икона на Богородица  Парамитија (Утешителка)


ИКОНАТА КОЈА ГО ПРОМЕНИЛА СВОЈОТ ЛИК


Преданието раскажува дека во 807 година на Света Гора дошле банда од морски разбојници. Тие имале намера в`зори, после отворањето на капијата да влезат во Ватопед,  да ги заколат монасите и да ги искрадат манастирските богатства.
Една вечер тие се истовариле на копното и се сокриле во блиските грмушки.
 Ама, надзорничката на целата Света Гора, Пресветата Богородица не дозволи да се исполнат намерите на безбожните гусари.
Следниот ден, после отпустот од утрената, кога братството се разотишло во своите келии на починок, игуменот останал во храмот продолжувајќи со своите утрински молитви.  Додека тој така се молел, одеднаш од Богородичната икона се слушнал предупредувачки глас:
 „Денес,  не отварајте ја капијата, туку искачете се на ѕидините и избркајте ги разбојниците“.
Изненаден игуменот ја побарал со поглед иконата од која што се чул гласот и веднаш здогледал страшно чудо:  
Богородичното лице било оживеано, како и лицето на  Христа Младенецот  Кого во прегратка го држела.
 А,  Предвечниот Младенец, испружувајќи ја раката и поклопувајќи и  ја со неа устата на Својата Богомајка, се завртел на кај неа велејќи и:
 „Немој, Мајко моја, не зборувај така, туку нека бидат казнети како што им доликува, бидејќи не ги исполнуваат своите монашки задолженија“!
Но, Богородица грижливо  со својата рака ја задржала  раката  на синот и на Господ Свој и свртувајќи ја главата надесно, Таа ги повторила истите зборови:
 „Денес,  не отварајте ја капијата, туку искачете се на ѕидините и избркајте ги разбојниците“.
Обземен од голем страв од ова страшно чудо, игуменот веднаш го повикал своето братство и им го раскажал случувањето и предупредувањето на Пресвета Богородица, како и упатените зборови од Господа.
И сите со големо восхитување забележале дека Богородичното Лице и Лицето на Господ  Исус  Христос и воопшто целиот приказ и лик билее изменети, потполно спротивно од претходно. На лицето на Богомајката почива целомудрена насмевка, предупредување и утеха, а лицето на Господ Исус Христос е со строг предупредувачки поглед.
Во знакот на својата жива благодарност, монасите заблагодариле за промислата и заштитата која им ја укажала Пресвета Богородица и по Нејзините молитви, Милостивиот Бог. Тогаш се искачиле на ѕидините и со оружје се одбраниле од непријателскиот напад.
Од тогаш, па се` до денешни дни, оваа икона е позната по името  - Утешителка.
 А лицата на Богородица и на Исуса Христа останале во  истата положба  во која што се наоѓале кога игуменот по трет пат ги слушнал чудесните зборови:
 Богородица со лицето свртена на десно  и покрај испружената рака на Предвечниот Младенец и Бог,
во обид да ја тргне Неговата рака  од усните свои  за  да може слободно да им  ја објави на  своите избарни слуги претстоечката опасност.

Оваа Икона стои во параклисот на Богородица Утешителка,  на десниот ѕид на певницата, со лице преполно со сочувствителна љубов, со поглед кој што зрачи, со благост, кроткост и милостивост.
На Нејзините усни почива целомудрена насмевка, предупрдување и утеха.

 

 Избор од фб профил на Православие.Мк †

 

Друго:
http://www.svetagora.info/index.php?option=com_content&task=view&id=106