sv.PetariPavle1.jpg

ЖИВОТОТ И ДЕЈНОСТА НА СВЕТИ АПОСТОЛ ПЕТАР

Свети апостол Петар по потекло бил од галилејскиот град Витсаида.
По занимање бил рибар.
Името ПЕТАР или на Еврејски Кифа му го дал Господ Исус Христос, а во превод значи – КАМЕН.
Неговото родено име било Симон.
Апостол Патер бил многу чувствителен човек, пргав и избувлив и брз.

Тој се истакнува како најстар или прв меѓу апостолите .
На пример кога во Кесарија Филипова Господ ги запрашал за кого го сметаат, во името на сите Петар одговорил:
Ти си Христос Син на Живиот Бог
(Матеј 16,16).

Во Гетсиманската градина само тој извадил нож да го одбрани Христа
(Јован 18, 10) на Педесетница прв тој проповедал меѓу народот. Но неговата чувствителност и енергичност биле поттик за грешки.
|
На пример на Тајната Вечера Петар ќе вети дека никогаш нема да се откаже од Христа, но уште истата ноќ три пати се откажа од Него, а по овој грев тој веднаш горко ќе плаче и ќе се кае.
(Матеј 26, 69-75).

Подоцна, кога Господ Исус Христос по воскресението од мртвите , ќе им се јави на Своите ученици крај Тиверијадското море , повторно ќе му ја даде апостолската служба.
(Јован 21,15-17).

Освен во Ерусалим проповедал и во „црквите во цела Јудеја“, Галилеја и Самарија...во Лида и во Сарон...во Јонија и во Ќесарија...“, а по особена Божја наредба и во домот на Корнилиј во Ќесарија
|
 (Дела 9,31-11,17).

Во 44 година , Ирод Агрипа ќе му се закани и тој ќе го напушти Ерусалим. Оттогаш не се знае каде точно проповедал.
Учествувал на апостолскиот собор во Ерусалим во 51 година, а потоа засекогаш го напуштил светиот град. Откако ја посети Антиохија (Гал. 2,11) им проповедал на расеаните Евреи во Понт, Галатија, Кападокија и Витанија .

До христијаните до овие области ќе ги упати и своите посланија и на тој начин ќе продолжи и понатаму да ги раководи. По ова, со својот сопатник евангелистот Марко, проповедал во Вавилон ( 1. Петр. 5,13), а според преданието бил и во Коринт.

За време на царот Нерон, Свети апостол Павле бил во Рим каде што маченички пострадал.
Тој бил распнат на крст, со главата надолу, затоа што се сметал недостоен да страда како својот учител Господ Исус Христос. Тоа се случило во 67 година по Христа.

Според црковното предание се спомнуваат два значајни настани поврзани со апостолот Петар во Рим.
Прво, се вели дека свети Петар кога бил во Рим, се расправал со некој Симон Гаталецот, кого со своите молитви го дигнал во воздух, од каде што паднал и умрел.

И второ, во последните денови Петар сакал да го напушти Рим, но по патот Го сретнал Христа, како оди кон Рим и му рекол:
Каде одиш Господи?
Христос Му одговорил:
Одам во Рим повторно да пострадам!
Сфаќајки ја пораката, Петар се вратил во Рим и маченички пострадал.


+++


ЖИВОТОТ И ДЕЈНОСТА НА СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ


„Свети апостол Павле е Евреин, од родители Евреи, како што самиот вели:
„Јас сум ... Евреин од Евреите, од родот Израилев од Венијаминовото колено“ (Филип, 3,4 - 5).
Роден е од 1 – 10 година по Христа во градот Тарс. Затоа е наречен „тарсанин“ (Дела 9,11).

Тој самиот за себе вели: „Јас сум човек Јудеец, родум од Тарс Киликиски“
(Дел. 22,3).
....
Првото име на апостолот е „Савле“ (Дела 7, 58;8,1).
Тоа е еднакво на Еврејското име Саул или Шаул, што значи: жеден, жедлив, копнежлив.

Подоцна му било дадено и Римското име Павле, Pavlus, најверојатно затоа што по татко тој бил „ римски граѓанин“. (Дела 22, 25 – 28 ).

....

Покрај еврејскиот, кој што му бил мајчин јазик на апостол Павле, нему и грчкиот јазик му бил како мајчин и го говорел од рано детство. Апостолот многу добро го владеел грчкиот јазик на кој што се школувал во Тарс, завршувајќи книжевност и философија на Тарскиот универзитет.

Додека живеел и студирал во Тарс Свети апостол Павле имал можност да ја проучи и незнабожечката литература и философија.

Според библиските сведоштва (1.Кор. 10,6; Фил. 1,19) тој потекнува од богато семејство кое му овозможило да се здобие со високо образование, во она време, кога образованието скапо се плаќало.

Кога наполнил 20 години Савле бил испратен во Ерусалим да го изучи Законот. Јудејската вера ја изучил „При нозете Гамалиилови. “
(Дела 22, 3).
Гамалиил бил прочуен рабин, учител по законот и почитуван од целиот народ.
Савле бил фарисеј, добро воспитан во виатините на Јудејската вера и постанал нејзин заштитник. Бидејќи бил темпераментен и ревносен фарисеј жестоко ги гонел христијаните, постанувајќи најголем гонител на Христовата црква.
Како фарисеј, морал да има изучено и еден занает со кој, во какви било услови би опстанал. Тој го иамл изучено и ткаачкиот и плетечкиот занает и правел шатори.

Свети апостол Павле немал особена реторска моќ, но бил многу ревносен и силен во запишаниот збор во посланијата.

Старото предание во Црквата го опишува како низок по раст , со ретка коса проќелав, со различна насока на видот од двете очи, со подискривени нозе, поднаведнат, со слабо тело, со споени веѓи и малку згрбавен нос, а со чисто лице исполенето со благонаклоност.

Неговото обраќање се случило по патот за Дамаск, каде што сред бел ден, го обзела силна светлина, посилна од сончевата и по сите случувања бил крстен од Свети Ананиј , еден од седумдесетте Христови ученици.

Со крштението постанал христијанин а веднаш и апостол, и почнал да проповеда за Христа по синагогите во Дамаск.

Потоа, се повлекол три години во Арабија, каде што се посветил на Богосозерцание и размислување, за подоцна да биде најголемиот Христов проповедник меѓу незнабошците.

Подготви : М. Даниловска

Извор: Д- р Ратомир Гроздановски, Вовед во Светото Писмо на Новиот завет (посебен дел) Скопје 2008.