TVITer35

 

Секој пат кога ќе почнеме да се колебаме, Тој ги подава Своите раце кон нас, нѐ придржува и утврдува. Спротивно, препуштени на нашите сили, совршено би паднале. Ниту еден праведник, всушност, нема доволно сили во себе да здобие праведност. Тој постојано се колеба и секој миг е готов да падне. Затоа, милостивиот Господ го поткрепува со Својата рака. Спротивно, поради слабата волја, буквално би загинал.

Зарем некој ќе биде толку самоуверен и слеп да мисли дека нема потреба од непрестајната Божја помош, кога и Самиот Господ во Евангелието јасно поучува: „Како што прачката не може да роди плод сама од себе, ако не е на лозата, така и вие, ако не бидете во Мене, не можете ништо да направите“.
Божјата волја секогаш сака човекот, од Бога создаден, да не загине, туку вечно да живее. Доколку во нашето срце забележи макар и искра на расположение кон доброто, Бог, според Својата благост, не допушта таа да згасне.

Сакајќи сите да се спасат и да ја спознаат Вистината, Тој на сите начини помага таа да се претвори во пламен. Божјата благодат е блиску до сите. Таа сите, без исклучок, ги повикува на спасение и познание на Вистината, бидејќи вели: „Дојдете кај Мене сите изморени ии јас ќе ве одморам“.

 

- Преподобен Јован Касијан

 

Избор одфб профил на

Monika Nikolova