3.angeli.so.truba

Блажени се оние кои плачат

Блажен е човекот кој за време на молитвата кон Пресвета Богородица ќе заплаче од радосно умиление затоа што постои Таа – чудесната Молитвеничка за целиот човечки род и семилостивата Помошничка во секоја мака и неволја.
Блажен е човекот кој ќе заплаче од радосното чувство дека постои толку прекрасен, толку човекољубив, толку семилосрден Спасител на светот како што е Господ Христос.
Блажен е човекот кој ќе заплаче од радост што околу себе има толку илјади свети сведоци за Христовата Благавест. Блажен е човекот кој плаче од радост затоа што постојат многу луѓе кои живеат според Божјите заповеди, и зашто има тајни евангелски дела, подвизи, расположенија. Блажен е човекот кој плаче од молитвена благодарност затоа што чудесниот Богочовек ја создаде Црквата од ангели и луѓе, и им дозволи да живеат заедно како браќа. Блажен е човекот кој плаче од умиление пред скромноста, милосрдието, човекољубието, страдањето, пред трпението на кроткиот Господ Исус.
Блажен е човекот кој во молитвата ќе заплаче трогнат од страдањето на некој маченик или од подвигот на некој светител.
Воопшто, блажен е човекот, секој човек, кој плаче пред сѐ свето, евангелско, Божјо.

Преподобен Јустин Ќелијски

 

 

Vesna Smilkova