3.angeli.so.truba

Пиј онаму каде што коњот пие. Коњот никогаш нема да пие нечиста вода.

Простри ја постелата онаму каде што спие мачката.

Јади овошје што е зафатено од црв.

Слободно собери печурки на кои слетува мува.

Посади дрво таму каде што копа крт.

Гради куќа на она место каде змијата се грее.

Копај бунар таму каде што птиците се гнездат за време на жештината.

Легнувај и станувај во исто време како кошките и ќе го имаш златното зрно на денот.

Јади повеќе зелена салата и ќе имаш силни нозе и издржливо срце.

Пливај почесто и на земјата ќе се чувствуваш како риба во вода.

Почесто гледај во небото отколку под нозе и твоите мисли ќе бидат лесни и јасни.

Повеќе молчи отколку што зборуваш и во твојата душа ќе се создаде тишина, а твојот дух ќе биде мирен и спокоен.



~ Свети Серафим Саровски

 

Подготви: Снежана Корнет