"Тие што клеветат, секако дека работат во соработка со ѓаволот. Но, силниот ветер ги крши и корне слабите дрва, оние што немаат длабоки корења – додека на оние што имаат длабоки корења, им помага да ги пуштат уште подлабоко и да ги зацврстат.

Треба да се молиме за сите што зборуваат лошо за нас, и да бараме од Бога да им подари покајание, просветлување и здравје, а во себе да не оставиме ни трага од омраза кон нив. Да го задржиме само искуството на преживеаното искушение, да го исфрлиме од себе сиот отров, и да се потсетиме на зборовите на св. Ефрем: „Ако претрпиш каква било клевета, а подоцна се обелодени чистотата на твојата совест, немој да се возгордееш, туку со смирение служи Му на Господ, Кој те спасил од човечките клевети, за да не бидеш поразен од големиот пад на душата“.

Старец Паисиј Светогорец

 

Избор од фејсбук страната на :

Моника Николова