Одговара: отец Горан Тасески


Прашање Милица:

Последниве 4 години се трудам да постам. Најчесто ги постам Богородичните пости, и Велигденските .На крајот од постот ја примам Светата Причест, и претходно нормално се исповедам, но секогаш кај различен отец, оној кој во моментот е присутен во црквата.Дали е тоа правилно? Или треба да имам свој духовник кај кого постојано би се исповедала?

 

 Одговор:


Секако дека е потребно да се има еден духовник кој за вас ќе биде како татко во духовна смисла, кој духовно ќе ве раководи ќе ви даде конкретни насоки за градење на вашиот духовен живот,  ќе се грижи за вашето духовно поведение и воздастување, во неволјите и во радостите ќе биде секогаш духовно со вас принесуваќи молитви за вашите конкретни потреби. Со негов благослов кога тој не е во можност секако дека можете да се исповедате и кај друг свештеник.
 Христос Воскресна